Спорт
Батон „заглавил“ 17 часа во пустина во Мексико!
Џенсон Батон открива дека поминал 17 часа заглавен во пустина откако неговиот автомобил откажал при Баха 1000 трката во Мекиско.
Поранешниот Ф1 шампион првпат учествуваше во оф-роуд авантурата од 1000 километри на полуостровот Баха Калифорнија, но работите не одеа според планот.
„Се вративме од Баха 1000 со приказна за раскажување, но не таа која беше посакувана. Започна одлично, поминавме пет камиони кои уште возеа и потоа уште седум-осум скршени или заглавени, најдовме добар ритам, но по 235 милји мојот со-возач Тери Маден забележа дека имаме скршен диференцијал. Заглавивме на најлошото можно место и ја поминавме цела ноќ таму со вкупно 17 часа“, открива Батон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито
Поранешниот селектор на фудбалска репрезентација на Кина, Ли Те, во случајот со пред судот, во процесот што се води против него, признал дека примил повеќе од 10 милиони евра мито.
Ле, кој ја водеше Кина од јануари 2020 до декември 2021 година е обвинет за давање и примање мито и учество во местење натпревари, се вели во соопштението за медиумите на провинцискиот суд во Хубеи.
Во текот на повеќемесечниот процес, Ле призна дека добил повеќе од 9,8 милиони евра во периодот од 2017 до 2021 година.
„Ли Те ја призна вината и изрази каење“, се вели во соопштението на судот и се додава дека пресудата ќе биде објавена подоцна.
Кинеските медиуми во вторникот објавија дека поранешниот претседател на кинеската фудбалска федерација Чен Џујуан, кој призна дека примал мито, е осуден на доживотен затвор.
Спорт
Хенес: Алонсо нема да дојде во Баерн ова лето
Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес изјави дека минимални се шансите тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо на крајот на сезоната да го преземе клубот од Минхен.
Баерн пред нешто повеќе од еден месец објави дека тренерот Томас Тухел ќе ја заврши својата мисија во Минхен на крајот од сезоната.
„Точно е дека сакаме да потпишеме договор со Алонсо. Сепак, ќе биде многу тешко, да не речам невозможно“, изјави Хенес.
Алонсо го презеде тимот од Леверкузен во октомври 2022 година, а оваа сезона е вистински хит во Бундеслигата.
„Сигурен сум дека Алонсо ќе остане во Баер за да ја продолжи својата работа. Сега е тренер на клуб кој е блиску до освојување на титулата во Бундеслигата. Тој треба да му биде благодарен на клубот, но и клубот има за што да му заблагодари“, додаде Хенес.
Од 2014 до 2017 година, Алонсо играше за Баерн Минхен, каде што разви одлични односи со луѓето од клубот, меѓу кои и тогашниот претседател Ули Хенес, кој сега е доживотен почесен претседател.
Спорт
Димитров го растури Алкараз во Мајами
Григор Димитров го победи Карлос Алкараз со 6:2, 6:4 во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами. Ова беше петти меѓусебен дуел на Бугаринот и Шпанецот и втора победа по ред за Димитров.
„Направи да се чувствувам како да имам 13 години“ – го опиша Карлос Алкараз поразот од Бугаринот
„Не се сеќавам некој да ме натерал да се чувствувам вака. Вакво нешто одамна не ми се случило. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми даде. Почувствував неверојатна фрустрација.“
А 32-годишниот Димитров навистина одигра перфектно. Мечот го заврши со 24 винери.
„Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Против него е многу тешко да се направи тоа“ – објасни Бугаринот како го победи шампионот на Индијан Велс.
Можеше и побрзо да победи бидејќи водеше со 4:1 во вториот сет, но потоа Алкараз успеа да врати еден брејк, но не успеа да се врати во мечот.