Спорт
Бејл: Одвратно е она што го прават шпанските медиуми

Герет Бејл се уште има магија во своите нозе. На сите во Мадрид им покажа дека прелесно се откажаа од него. Со два гола, од кој првиот е вистинско ремек дело, го донесе Велс на чекор до СП во Катар. Велс само еднаш играче на најголемата фудбалска смотра, во далечната 1958 година.
Бејл е редовна мета на шпанските медиуми, од август за „кралскиот тим“ има одиграно само 74 минути. Пред четири дена го пропушти дербито со Барселона поради повреда, синоќа имаше свое шоу против Австрија.
Интересно, од почетокот на сезоната за Реал одиграл пет натпревар и постигнал само еден гол, за Велс исто така одиграл пет натпревари и постигнал пет гола.
„Дали испратив некаква порака? Немам намера да им одговарам на критичарите од Шпанија. Тоа што го прават е одвратно, треба да се срамат“, рекол Бејл по натпреварот со Австрија.
Вчера, „Марка“, во еден свој текст го нарече Бејл „крлеж кој цица крв и пари“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Валверде: За трофејот од ЛШ би дал се, дури и сопругата

Уругвајскиот интернационалец Федерико Валверде толку многу посакува да го освои пехарот во Лигата на шампионите, што би се сложил и да го размени за својата сопруга Мина Бонино. Играчот за врска на Реал Мадрид се пошегува дека е подготвен да ја „жртвува“ сопругата за успех во големото финале против Ливерпул.
„Што би дал за трофејот во Лигата на шампионите? Се, освен син ми… Можеби би ја дал и жена ми, хахах… Ова не е шега! Немате секој ден можност да играте во финалето и се би дал за да го освојам. Се надевам дека в сабота ќе се радуваме и дека ќе го кренам трофејот“, изјави Валверде.
Неговата сопруга Мина Бонино е аргентинска спортска новинарка и ја прифати шегата на Валверде.
Спорт
Претставен авион во чест на Диего Марадона

Мал приватен авион посветен на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, беше претставен во Буенос Аирес На презентацијата на авионот присуствуваа ќерките на Марадона, Далма и Џанина.
Авионот наречен „Танго Д10С“ е мал авион со 12 седишта и е дизајниран како летечки музеј во чест на славниот Аргентинец, кој почина од срцев удар во ноември 2020 година.
На трупот доминира ликот на Марадона како го бакнува трофејот на Светското првенство, кој го освои со Аргентина во 1986 година, а неговиот лик се наоѓа и на опашката. Авионот е украсен со боите на аргентинското знаме, и со слики на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
На крилјата на авионот има слики од двата гола што Марадона ги постигна во четвртфиналето на Светското првенство против Англија (2:1), од кои првиот беше наречен „Божја рака“, а вториот се смета за еден од најубавите голови на сите времиња.
Навивачите кои ќе патуваат со овој авион ќе можат да му остават порака на Марадона и да комуницираат со него преку вештачка интелигенција.
„Мислам дека ова е одлична идеја, бидејќи тој е најдобриот играч во историјата. Ова Светско првенство ќе ни биде прво без Марадона, многу ни недостига, но тој е секогаш тука за нас. Ние играчите од генерацијата 1986 секогаш зборуваме за него и се сеќаваме како не водеше до освојувањето на Светското првенство“, изјави поранешниот аргентински репрезентативец Серхио Батиста.
Компанијата која го финансираше проектот „Дај и добиј“ изјави дека првично ќе нуди приватни летови само во Аргентина, а идејата е авионот да патува до Мексико, Неапол и Дубаи, места кои бае важни за животот на Марадона.
Авионот ќе отпатува за Катар на Мундијалот, а потоа ќе биде ставен на аукција, парите ќе бидат уплатени во хуманитарни цели.
Спорт
Мхтаријан се сели во Интер

Најдобриот ерменски фудбалер Хенрик Мхтаријан по истекот на договорот ќе ја напушти Рома и ќе се пресели во редовите на Интер, дознава „Газета дело Спорт“.
Ерменецот, синоќа во Тирана, одигра само 15 минути против Феенорд. Теренот го напушти поради повреда. Неговиот договор со Рома истекува на 30 јуни.
„Газета дело Спорт“, тврди дека Мхтаријан ќе потпише двегодишен договор.
Пред Рома, Мхтаријан играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, на европската сцена се афирмираше во Шахтјор.
Мхтаријан е единствениот играч кој стигна до два евротрофеи со два различни клуба под водство на Жозе Мурињо. Со Јунајтед ја освои Лигата на Европа, додека синоќа со Рома го освои трофејот во Конференциската лига.