Спорт
Бекер: Добив ќерка од петминутен однос на скали!
Ана Ермакова (19) тргна по стапките на својата мајка, Ангела Ермакова, па заплива во манекенските води. Од неа се очекувало такво нешто, да одбере јавна професија затоа што е ќерка на славни родители. Татко и е екс-тенисерот, Борис Бекер.
Нејзината животна приказна е многу необична затоа што таа не е плод на љубов, туку на петминутнаа авантура во лондонскиот ресторан „Нобу“. Таа кратка авантура Бекер го чинеше развод со претходната сопруга.
Во книгата „Boris Becker’s Wimbledon“, спортската легенда открила дека една страстна вечер тој и направил дете на Ангела Ермакова.
„Тоа не постави на првата, наместо на последната страница од весниците и го уништи мојот брак со Барбара иако тој најверојатно секако би завршил. Но добив ќерка, преубава млада жена која ја сакам. Се срамам поради начинот на кој се се случи и што си го растурив семејството. Мајката на Ана и јас станавме родители“ – напиша меѓудругото Бекер.
Тој раскажува и каде се случил љубовниот чин со манекенката.
„Не знам дали е тоалетот подобро место, но ние тоа го направивме на скали. Медиумите пренесоа дека сме имале односи во тоалет. Тоа не беше афера, тоа беше однос од 5 минути“ – рече Бекер.
Таа вечер Германецот го одиграл својот последен професионален тениски меч и сакал тоа да го прослави со пријателите.
Ана е денеска возрасна, полнолетна девојка која влезе во манекенските води.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливерпул замената за Клоп ја најде во Лисабон
Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерпул и ќе замине на долг одмор, фудбалска јавност шпекулира кој ќе биде новиот тренер на „црвените“.
Како очигледен избор се истакна поранешниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо (42). Неговиот Баер Леверкузен игра неверојатно добар фудбал оваа сезона. Статистиката на германскиот тим е 38 натпревари без пораз во сите натпреварувања, со 109 постигнати голови.
Извесно е дека Чаби Алонсо ќе им ја донесе на „фармацевтите“ првата шампионска титула во клупската историја, со која ќе ја прекинат единаесетгодишната доминација на Баерн.
Сепак, од релевантни извори во Германија доаѓаат информации дека Алонсо ова лето нема да го напушти Леверкузен, а доколку реши да замине од Баер, ќе остане во Германија и ќе се се пресели во Минхен.
„Скај Спортс“, пишува дека Ливерпул покажал сериозен интерес за Португалецот Рубен Аморим (39), тренер кој четири години е на клупата на Спортинг, а претходно беше тренер на Брага. Тој користи систем со три стопери исто како и Алонсо, а неговиот напаѓачки стил на игра му донесе титула на Спортинг во првата сезона на Аморим.
Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.
Спорт
Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?
Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.
Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.
Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без разлика на се, Иванишевиќ добро заработил од оваа соработка.
Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои 12 грен слем титули.
Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.
Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра само од плата минатата година.
Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Ѓоковиќ и процентот од освоените турнири, Иванишевиќ во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил помеѓу два и четири милиони евра.
Инаку, Иванишевиќ во кариерата како активен играч заработи околу 16 милиони евра. Кариерата во која освои еден грен слем (Вимблдон), Иванишевиќ ја заврши во 2011 година.