Спорт
Белгиски политичар го нарече Азар „мал дебел човек“
Жан-Мари Додекер, поранешниот белгиски министер, а сега градоначалник на гратчето Миделкерке, влезе во остар напад со капитенот на репрезентацијата Еден Азар во ново интервју нарекувајќи го „мал дебел човек“ потсмевајќи се со неговиот „инцидент“ со хамбургерот во 2011 година.
„Целиот печат се жали на него, а всушност тој е само мал дебел човек, кој стана дебел од системот и парите. Уште се сеќавам како бегаше кога Жорж Лекенс го замени и тој реши да јаде хамбургер во близината на стадионот ‘Крал Бадуин’“, вели Додекер во интервју за локалните белгиски медиуми.
Инцидентот за кој зборува Додекер се случи кога Азар беше фудбалер за Лил и доби место во репрезентацијата за квалификациите за Евро 2012 против Турција. Но, кога селекторот Лекенс го замени по половина час игра, напаѓачот веднаш замина од стадионот и потоа беше фотографиран како јаде хамбургер во ресторан во Брисел со семејството. Лекенс му одреди суспензија од два меча поради инцидентот.
Азар во 2019 се потсети на приказната.
„Се работеше за андалузиски сос, секогаш мојот омилен. Тогаш направив глупава работа, но приказната со хамбургерот ме направи легенда во белгиската репрезентација“, изјави Азар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.