Спорт
Бернардо Силва сака да го напушти Сити и да се пресели во Барселона

Фудбалерот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сака да ја продолжи кариерата во Барселона. Според каталонскиот медиум „Спорт“, Португалецот го задолжил својот агент Жорге Мендеш да го реализира неговиот трансфер на „Камп Ноу“ ова лето.
Бернардо Силва разговарал и со менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, и нему му ја открил својата намера.
Барселона исто така многу го сака Бернардо Силва во своите редови, но свесни се дека таков трансфер нема да биде нималку лесна задача. Фудбалерот од средниот ред има договор со Сити до 2025 година, а минатата сезона беше клучен играч во селекцијата на Гвардиола, одигра дури 50 официјални натпревари, постигна 13 гола и имаше седум асистенции.
Манчестер Сити сака отштета од 100 милиони евра за 27-годишниот Бернардо Силва. Каталонците се надеваат дека ќе можат да ја спуштат цената на околу 60 милиони евра. Пресврт може да биде и евентуалниот трансфер на Френки де Јонг во Манчестер Јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ла лига стартуваше со изненадување – Осасуна ја „урна“ Севилја

Осасуна го направи првото изненадување во првиот меч од новата сезона во шпанската Ла лига, откако во Памплона успеа да ги изненади фаворизираните Севилја и да стигне до 2:1 победа.
Чими Авила ги донесе домаќините во водство по само 9 минути игра, но тимот на Хулен Лопетеги успеа бргу да ја врати рамнотежата, откако во 11. минута Рафа Мир израмни по асистенцијата на Алехандро „Папу“ Гомез.
Сепак, трите поени останаа во Баскија, откако во 74. минута беше досуден пенал за домаќините, а 20-годишниот Аимар Ороз во својот прв меч за Осасуна беше прецизен.
Спорт
Тинејџерите донесоа камбек победа на Дортмунд кај Фрајбург

Борусија Дортмунд успеа да направи пресврт на гостувањето кај Фрајбург и да стигне до 1:3 победа во првиот меч од второто коло од германската Бундеслига, за да ја стартуваат сезоната со две победи во низа.
Фрајбург први стигнаа до водство, кога Михаел Грегорич успеа да го совлада Грегор Кобел за ерупција на домашните навивачи. Сепак, тимот на Един Терзиќ успеа да направи камбек во последните петнаесетина минути.
Човек на одлука беше 17-гоишниот Јусуфа Мукоко, кој прво во 77. минута му асистираше на 18-годишниот Џејми Бајноу-Гитенс за израмнување, за потоа во 84. минута да донесе предност за „милионерите“, пред Мариус Волф во 84. минута да ја потврди победата.
Спорт
Барса ги регистрираше летните засилувања (освен Жил Кунде)

Барселона, конечно, успеа да регистрира повеќе од своите летни засилувања пред стартот на Ла лига овој викенд, и засега „извиси“ само Жил Кунде, тврди „ЕСПН“.
Тимот на Чави Ернандез ја почнува сеозната утре на „Нои Камп“ против Рајо Валјекано, и до вечерва беше неизвесно со каков состав ќе може да излезе на теренот поради барањето на Ла лига за финансиска стабилност за регистрација на засилувањата. Барса потроши над 150 милиони евра на Роберт Левандовски, Рафиња и Кунде, додека Андреас Кристенсен и Франк Кеси пристигнаа како слободни играчи и до петокот ниту еден од нив не беше регистриран.
Кунде, кој пристигна од Севилја, како и Усман Дембеле и Серхи Роберто, кои ги продолжија договорите, уште не се регистрирани и нема да можат да настапат против Рајо.
Ова доаѓа откако Барса продаде уште 24.5 отсто од „Барса студиос“, компанијата задолжена за официјалните дресови и друга спортска опрема. Претходно тие продадоа 25 отсто од ТВ-правата во следните 25 години на „Сикст стрит“ за 511 милиони евра, како и 24.5 отсто од „Барса студиос“ на „Сосиос“ за 100 милиони евра.