Спорт
Бизарна ситуација во УФЦ – Го загуби шампионскиот појас на вагата

Чарлс Оливеира повеќе не УФЦ шампион во лесна категорија (до 70 килограми). Оливеира на бизарен начин остана без титулата, откако не успеа да помине не мерењето пред борбата. Тој имал 22 грама повеќе од дозволената тежина.
Затоа УФЦ излезе со соопштение во кое се наведува дека на Оливеира ќе му биде ускратен статусот шампион кога ќе влезе во октагонот ноќта меѓу сабота и недела по средноевропско време. Ова е прв ваков случај во историјата на УФЦ – шампионот практично го загуби појасот ден пред борбата на мерењето.
Доколку Оливеира го победи предизвикувачот Џастин Гејџи, појасот сепак ќе остане „празен“, а лесната категорија привремено ќе остане без шампион. Меѓутоа, доколку победи Џастин Гејџи, кој ја имаше потребната тежина, тој ќе стане нов шампион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мурињо е „фудбалскиот Цезар“ – Португалецот доби фантастичен мурал во Рим (ФОТО)

Португалскиот стратег Жозе Мурињо го донесе првиот европски трофеј за Рома, откако италијанскиот тим го совлада Феенорд во финалето на Конференциската лига на УЕФА. По ова, Мурињо стана „вечен“ во „вечниот“ град.
Фановите на Рома му посветија мурал – Мурињо насликан како Цезар.
Спорт
Давид де Хеа ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2025 година

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, кој сигурно беше најдобар играч на „црвените ѓаволи“ минатата сезона, е блиску до продолжување на договорот со 20-кратниот шампион на Англија. Актуелниот договор на 31-годишниот Шпанец истекува следното лето, но тој наскоро ќе потпише до 2025 година.
Новиот договор е јасен показател дека Ерик тен Хаг исто така ќе се потпира на Де Хеа во наредните сезони и нема сомнеж дека искусниот шпански голман ќе продолжи да биде број 1 на „Олд Трафорд“.
Доколку де Хеа остане во Манчестер Јунајтед до 2025 година, тоа значи дека неговата кариера во клубот ќе трае 14 години.
Спорт
Петраков пред мечот со Шкотска: После ракети и бомби – од фудбал не се плашиме

Фудбалската репрезентација на Украина на 1 јуни ќе го почне плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар. На „Хемпден парк“ противник ќе биде Шкотска, а победникот потоа ќе игра против Велс во последниот мундијалски бараж.
Селекторот на Украина, Oлександр Петраков, вели дека неговиот тим не се плаши од ништо после војната што ја отвори Русија во нивната земја.
„На ‘Хемпден парк’ ќе има неверојатна атмосфера. Но, од што би се плашеле ние после ракети и бомби. Не се плашиме и од Шкотска, тоа е само фудбал“, изјави Петраков.
Тој не ја одмина и воената состојба во Украина.
„Изразнав и живеев во Советскиот Сојуз и сега не можам да верувам кои ни беа браќа, со кого спиевме, јадевме. Сега сакаат да не убијат“, додаде Петраков.