Спорт
Блашчиковски вторпат ја спасува Висла Краков, но сега како сопственик
Полскиот ветеран Јакуб Куба Блашчиковски толку го обожува својот клуб Висла Краков, што реши да го спаси од сигурна пропаст со организирање на откупување на клубот.
Блашчиковски, кој својата кариера и милионите ги заработи како фудбалер на Волфсбург Борусија Дортмунд лани се врати во својот клуб за кој играше за сума од само 100 евра месечно.
34-годишниот фудбалер знаеше дека клубот е во лоша финансиска состојба, а сега по примораната пауза поради корона вирусот, тој ги „врбуваше“ своите пријатели, бизнисмените Томаш Јаджиснки и Јарослав Кролевски за да го откупи клубот и да ги покрие сите долгови.
Претходно Блашчиковски ја плати лиценцата за настап на клубот на почетокот на сезоната, бидејќи на клубот во јануари 2019 му се закануваше исфрлање во четвртата лига.
Wczoraj w Wiślackiej rodzinie doszło do bardzo ważnego wydarzenia! Dzięki porozumieniu z @TSWislaKrakow po 24 latach piłkarska @WislaKrakowSA uzyskała pełne prawa do swojej nazwy i historycznego herbu klubu. Dziękuję wszystkim, którzy to umożliwili! https://t.co/CwuKZFzkNG pic.twitter.com/TFkneXL5Zf
— Tomasz Jażdżyński (@jazdzynski) April 1, 2020
Блашчиковски прво ја спаси Висла, а сега платата ќе ја дава на дечињата без родители!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.