Спорт
Блатер: Саркози интервенира кај Платини, така Катар го доби Светското првенство
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, смета дека Катар не требало да ја добие организацијата на Светското првенство. Катар на контроверзен начин го доби СП, за ова сценарио тој го обвини експретседателот на УЕФА, Мишел Платини.
„Да не интервенира Саркози (поранешен француски претседател) кај Платини, Катар никогаш немаше да ја добие организацијата на Светското првенство“, рекол Блатер за „Ле Монд“ и нагласил.
„Прв пат политичка одлука да влијае врз носењето фудбалска одлука“.
Овие обвинувања Платини експресно ги отфрли.
„Ова е омраза и клевета. Доста беше. Пет години Сеп Блатер ги повторува овие лаги. Мислев дека со текот на годините ќе стане попаметен и дека ќе ја открие вистината. Тоа што го тврди тој е целосна лага“, порачал Платини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Минесота го одбрани домашниот терен, брејк направија Далас и Индијана
Кошаркарите на Минесота повоедоа со 2-0 во серијата против Феникс, додека Далас и Индијана изедначија на 1-1 во сериите против ЛА Клиперс, односно Милвоки.
Минесота го одбрани домашниот терен против Феникс. По убедливата победа во првиот натпревар (120:95), во вториот Волците славеа со 105:93
Најефикасен во победничкиот тим беше Џејден МекДаниелс со 25 поени и осум скока, а го следеа Руди Гобер и Мајк Конли со по 18 и Ентони Едвардс со 15 поени.
Најефикасни кај Феникс беа Девин Букер со 20 и Кевин Дурент со 18 поени.
Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата 96:93 во Лос Анџелес, над Клиперси.
Словенечкиот репрезентативец забележа 32 поени, шест скока и девет асистенции.
Двоцифрен учинок имаа Кајри Ирвинг со 23 поени и шест скока, Пи Џеј Вашингтон со 18 поени и шест скока, како и Дерик Џонс Јуниор со 10 поени и седум скока.
Кај Клиперси се истакна Џејмс Харден со 22 поени, шест скока и осум асистенции. Исто број на поени постигна Пол Џорџ.
Брејк направија и кошаркарите на Индијана, тие убедливо победија во Милвоки 125:108.
Пејсерси ги предводеше Паскал Сијакам со 37 поени (16/23 шут од поле, 3/4 за три), 11 скока и шест асистенции.
Во чекот го следеа Мајлс Тарнер со 22 поени, седум скока и шест асистенции, додека Тајрис Халибартон додаде 12 со исто толку асистенции.
Одличен беше и Ендрју Нембард со 20 поени, а Арон Несмит додаде 11 со седум асистенции и пет скока.
Во отсуство на Јанис Адетокумбо, Милвоки имаше само двајца расположени играчи, Демијан Лилард постигна 34, а Брук Лопез 22 поени.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.