Контакт

Спорт

Богдановиќ им пресуди на Милвоки

Објавено пред

Богдан Богдановиќ и Јусуф Нуркиќ блескаа изминатата ноќ во НБА лигата. Богдановиќ ја предводеше Атлнта со победата над Милвоки Бакс, додека Нуркиќ не успеа да и помогне на Портланд да го избегнат поразот од Мемфис Гризлис.

Атланта Хокс забележаа победа над Милвоки 111:104. Хокс во последната четвртина, во која прв пат го презедоа водството (85:84), постигнаа 41 поен.

До 34 победа во сезоната, тимот го предводеше, Богдан Богдановиќ со 32 поени. Тој постигна поен повеќе од најефикасниот играч на Милвоки, Јанис Адетокумбо.



Портланд не успеаја да го победат Мемфис. Нуркиќ блескаше во серијата 15:0, со која Портланд дојде до предност од три поени, но немаше голема помош од соиграчите. Мемфис на крајот во пенал завршницата славеа 120:113. Репрезентативецот на БиХ, за 29 минути, забележа 16 поени и 19 скокови.

Резултати:

Шарлот-Бостон 125:104
Бруклин-Финикс 128:119
Портланд-Мемфис 113:120
Вашингтон-Кливленд 119:110
Атланта-Милвоки 111:104
Орландо-Индојана 112:131
Голден стејт-Сакраменто 117:113



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Британската влада притиска финалето на ЛШ да се премести од Истанбул

Објавено пред

Британската влада ја постави Турција на црвената листа за патувања, што значи дека навивачите на Челси и Манчестер сити, кои ќе патуваат на финалето на Лигата на шампионите во Истанбул, ќе мора да поминат во карантин при враќањето дома.

Двата премиерлигашки клуба ќе добијат по 4.000 билети за финалето на 29 мај, но поради високиот број случаи на коронавирус во Турција, британската влада се обидува да лобира кај УЕФА преместување на финалето во Англија, тврди „Дејли телеграф“.

Проблемот е што дури и фудбалерите на двата клуба ќе мора да поминат двонеделен карантин при враќањето во Англија, што ќе претставува голем проблем за играчите на англиската репрезентација, кои ги почнуваат настапите на Европското првенство само 15 дена по финалето.

Прикажи повеќе...

Спорт

Џоел Глејзер со писмо до навивачите на Јунајтед, вети средба и подобри контакти

Објавено пред

Косопственикот на Манчестер јунајтед, Џоел Глејзер, одговори на отвореното писмо од навивачките групи на клубот согласувајќи се да ја разгледа опцијата навивачите да бидат делумни сопственици на клубот и најавувајќи инвестиции на „Олд Трафорд“.

Трастот на навивачи на Манчестер јунајтед (МУСТ) му дадоа рок до петок на Глејзер да одговори на нивните барања поставувајќи четири точки на кои мора да се работи за интересите на клубот. Тие бараа нова структура на сопствеништво вклучувајќи независни директори, дозвола на фановите да гласаат и консултации за големи промени во клубот.

Глејзер одговори со долго писмо, во кое се согласува со дел од нивните барања.

„Ги прочитав сите коментари и се познава вашата љубов и страст за клубот. Сакам да отворам јасен канал на консултации меѓу фановите и клубот, а како што кажав и јавно, сакам ова врска да биде посилна. Вашето писмо го улови уникатниот дух на Манчестер јунајтед, создаден со децении триумфи, но и трагедии, кој уште се гледа во сегашниот возбудлив тим на Оле и големиот број навивачи. Искрено се извинувам за грешките што беа направени со европската Суперлига и ја сфаќаме потребата за промени со консултација со навивачите. Сакам да ве уверам дека моето семејство и јас се грижиме за Манчестер јунајтед и имаме одговорност да работиме за долгорочната иднина на клубот, во исто време грижејќи се за историјата и традицијата. Врвниот приоритет останува натпреварувањето за најголемите трофеи, играње возбудлив фудбал со тим составен од врвни засилувања и домашен талент. Сфаќаме дека мора да инвестираме на ‘Олд Трафорд’ и во тренинг-центарот и за тоа ќе се консултираме со вас“, пишува Глејзер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Зверев го шокира Надал во Мадрид, Медведев ќе биде светски број 2 од понеделник

Објавено пред

Рафаел Надал нема да се бори за својата шеста титула од Мадрид опен откако Александер Зверев во фантастичен меч со 6:4/6:4 го изненади светскиот рекет број 2 и закажа полуфинале со Австриецот Доминик Тим, кој се намачи за 3:6/6:4/6:4 победа над Американецот Џон Изнер.

Овој резултат значи дека од понеделник Надал ќе го загуби второто место на АТП-листата од Русинот Данил Медведев и не е совршена подготовка пред походот по 13. титула од „Ролан Гарос“.

На силното сонце во Мадрид, Надал првиот сет го почна одлично и направи брејк за 4:2 водство, но Германецот се врати веднаш со рибрејк и потоа освои четири последователни гема за да го запечати првиот сет. Надал, конечно, освои гем за 1:1 во вториот сет, но потоа неговото ниво на игра падна и Зверев направи брејк за импресивна победа.

Во другите два четвртфинални дуела играат Кристијан Руд и Александер Бублик, односно Матео Беретини и Кристијан Гарин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија3 часа

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија3 часа

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија4 часа

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија5 часа

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија5 часа

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија6 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија7 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија11 час

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет11 час

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион11 час

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија11 час

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион11 час

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет11 час

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија1 ден

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Досие