Спорт
Болт: Невозможно е да се истрчаат 100 метри под 9 секунди

Најбрзиот човек на сите времиња, Усеин Болт (34) смета дека никој никогаш нема да може да истрча 100 метри под 9 секунди. Јамајканецот е светски рекордер на 100 и 200 метри со времиња од 9,58 и 19,19 секунди.
„Мислам дека не може да се оди под границата од 9 секунди, мислам дека тоа е невозможно, рекордите се поправаа постапно. Ако се пробие таа граница, сигурно нема да сум жив тоа да го видам“ изјави Болт за „Газета дело Спорт“.
Болт призна дека му недостасува натпреварување.
„Ми недостасува адреналин, трчање, често гледам стари снимки“ рече Болт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Проектот Суперлига пропаднал поради „долгиот јазик“ нз Џоан Лапорта
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта е најголемиот виновник што пропадна проектот за европската Суперлига, пишува Њујорк тајмс. Весникот пишува дека поради „долгиот јазик“ на Лапорта, УЕФА добиле време да се подготват за одбрана од новиот прокет, на 12 моќни европски клубови.
Вечерта, кога Лапорта, ја прославувал победата на изборите за претседател на Барселона, еуфорично му кажал на првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Хавиер Тебас, дека 12 клубови се договориле и дека наскоро ќе започне европската СУперлига.
Тебас, не чекајќи веднаш му се јавил на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Словенецот имал доволно време со своите соработници да подготви стратегија, поради што и неговата рекација по објавата за формирање на Суперлигата, беше жестока.
Спорт
Јанис и Милвоки победија против Ембид и Филаделфија

Кошаркарите на Милвоки Бакс, славеа победа во дербито на Источната конференција, против Филаделфија 124:117. Дуелот го обележа дуелот на најголемите ѕвезди на двата тима, Јанис Адетокумбо и Џоел Ембид. Гркот на крајот и поентерски го надигра Камерунецот.
Милвоки во првите три четвртини го решија прашањето околу конечниот победник. Во последната четвртина, Бакс, влегоа со предност од 21 поен, Севентисиксерски до крајот изборија пристоен пораз.
Адетокумбо ги предводеше Бакс со 27 поени, 16 скокови и шест асистенции. Двоцифрени кај Бакс беа уште Крис Мидлтон (24 поени), Боби Портис (23) и Брук Лопез (16).
На спротивната страна Ембид постигна 24 поени, Шејк Милтон 20, а Тбајас Херис 18 поени.
Во Источната конференција, до крајот на регуларниот дел од сезоната три тима ќе се борат за првото место, Бруклин и Филаделфија имаат скор 39 победи и 20 порази, а Милвоки се на 36 победи и 22 порази.
Спорт
„Газета дело Спорт“ му се поклони на Пандев

Горан Пандев, пред два дена, влезе во историјата на Серија А. Со двата гола против Беневенто, Пандев стана еден од 80 фудбалери, кои постигнале 100 и повеќе голови во Серија А.
На Пандев и неговиот рекорд, му поклони и еден од највлијателните спортски медиуми во Италија, „Газета дело Спорт“. Новинарот, Франческо Пиетрела, го нарече 38-годишниот Пандев, Хајлендер.
„Сто гола на 468 натпревари во Серија А, со Макеоднија ќе настапи на ЕУРО. Пандев е младост која повеќе не постои. Од слаломот против Канаваро и Турам и голот против Буфон, сите убави моменти во дресот на Анкона, Лацио, Интер, Наполи и сега Џенова. Гранде Пандев од Македонија“.
Горан Пандев во 2001 година од Беласица се пресели во Интер, до 2004 година играл како позајмен фудбалер во Специја и Анкона, периодот од 2004 до 2009 година го мина во Лацио, а потоа се врати во Интер. Со Интер во 2010 година ја освои триплета, од 2011 до 2014 го носеше дресот на Наполи. Единстевената сезона која ја мина надвор од Серија А е 2014/15 кога го носеше дресот на Галатасарај. Од 2015 година е во Џенова.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?