Спорт
Борјан тажен и разочаран: Не го заслужив ова

Новиот тренер на Црвена звезда, Израелецот Барак Бахар (44) нема да се потпира на услугите на капитенот Милан Борјан (35) во новата сезона. Бахар го информирал Борјан дека не го гледа како прв голман и дека ќе бара ново решение. Тоа би можело да значи дека искусниот канадски голман ќе ги напушти редовите на српскиот шампион во потрага по клуб каде редовно ќе настапува. Борјан ја коментираше одлуката на Бахар.
„Во Белград го запознав тренерот Бахар, убаво разговаравме. Кога дојдов во Париз, ми се јави новиот тренер и ми кажа дека повеќе не сум прв голман и дека не смета на мене. По телефон. Искрено , многу ми е тешко и повреден сум, не заслужив тренерот кој е два дена во клубот да ми се јави и да ми каже таква информација. Мислам дека требаше да покажат почит кон некој кој ѝ даде шест години од животот на Црвена Звезда“, изјави Борјан за „Спортски журнал“.
„Главата ми е „жешка“ во моментов, многу сум повреден и тажен. Не сакам да кажам нешто погрешно. Нека зборуваат за мене резултатите и шест години титули, двојни круни и натчовечки напори. Времето е секогаш најдобар показател. Во секој случај, јас сум војник на Звезда, имам договор до 2026 година. Моето срце чука за мојата Црвена звезда и тоа никој не може да ми го одземе“, додаде Борјан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(ВИДЕО) Серхио Рамос си даде автогол, Барса ја победи Севилја

Барселона оствари минимален успех над Севилја славејќи со 1-0. По ова каталонскиот тим се наоѓа на врвот на табелата со бод предност пред Џирона.
Барселона долго се обидуваше да го скрши отпорот на Андалузијците, а во 76.минута автогол си постигна Серхио Рамос. Тој сакаше да блокира, а топката заврши во мрежата на Севилја.
Спорт
(ВИДЕО) Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм

Борусија Дортмунд оствари триумф на гости против Хофенхајм со 1:3 и се искачи на првата позиција на табелата во Бундеслигата.
Никлас Фулкруг во 18.минута донесе предност за „милионерите“, но израмни Андреј Крамариќ од пенал само седум минути подоцна.
Сепак, Борусија Дортмунд замина на одмор со водство од 1:2 откако во 45.минута погоди Марко Ројс.
Во финишот од мечот, во судиското продолжение, Џулијан Риерсон го постави конечниот епилог на овој меч.
Спорт
Лисандро Мартинез ја обнови повредата, го чека долга пауза

Аргентинскиот фудбалер Лисандро Мартинез долго време ќе отсуствува од фудбалските терени.
Веста ја потврди неговиот клуб Манчестер јунајтед на официјалниот сајт.
„Лисандро Мартинез ќе паузира подолг период поради влошување на повредата на стапалото која го мачи од април, а која ја обнови на неодамнешниот натпревар против Арсенал. Сега му треба одреден период на рехабилитација и ќе отсуствува подолг период“.
И покрај повредата на мечот со Арсенал, Аргентинецот сепак ги одигра натпреварите против Баерн и Брајтон, а според англиските медиуми сега го очекува пауза од најмалку два месеци.
Јунајтед ќе биде и без бекот Серхио Регилон за саботниот натпревар против Кристал Палас на „Олд Трафорд“.
Сепак, кај него не се работи за сериозна повреда и наскоро ќе му биде на располагање на Ерик тен Хаг.