Спорт
Бостон го декласираа Феникс, шокантен пораз на Вориорс
Бостон Селтикс, го доби дербито на конференциските лидери во НБА лигата. Во Аризона, Селтикс славеа во дуелот со Феникс 125:98. Ноќта во НБА лигата ја обележа и шокатниот пораз на Голден стејт Вориорс од Јута, односно индивидуалните партии на јанис Адетокумбо и Џа Морент.
Многу полесно од очекуваното лидерот во лигата Бостон го победи Феникс. Во Аризона, Селтикси водеа од почетокот до рајот, на моменти и со разлика од 45 поени. Тандемот Тејтум-Браун искомбинира 50 поени, од клупата Брогдон уфрли 16 поени. Бостон со 21 победа и пет порази се први на табелата.
Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки до победата над Сакраменто 126:113. Гркот осми натпревар по ред постигнува најмалку 30 поени. Против Кингс Јанис забележа 35 поени, шест скока и седум асистенции.
Мемфис немаа проблем против Оклахома. Џа Морент го забележа седмиот трипл-дабл во сезоната (26 поени, 13 скока, 11 асистенции). Во поразот 123:102, Гилџес-Александер за Оклахома постигна 26 поени.
Актуелните шампиони, Голден стејт, без Кари, Грин и Вигинс, доживеаја шокантен пораз од Јута 124:123. Вориорс на 10 секунди до крајот имаа предност од четири поени, но ен уапеаја да победат. Дебитантот Фонтекито заби во последната секунда за победа на Јута. Италијанецот мечот го заврши со 18 поени, на спротивната страна Пул постигна 36 поени.
Резултати:
Орландо – ЛА Клиперс 116:111
Бруклин – Шарлот 122:116
Њујорк – Атланта 113:89
Торонто – ЛА Лејкерс 126:113
Чикаго – Вашингтон 115:111
Мемфис – Оклахома 123:102
Милвоки – Сакраменто 126:113
Минесота – Индијана 121:115
Њу Орлеанс – Детроит 104:98
Јута – Голден Стејт 124:123
Феникс – Бостон 98:125
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.