Спорт
Бостон ја доби мајсторката во Мајами – Селтикс и Вориорс ќе се борат за НБА-титулата
Кошаркарите на Бостон Селтикс изборија пласман во финалето во НБА-лигата. Селтикс во Мајами ја доби мајсторката против Хит со 100:96. Селтикс за титулата ќе се бори со Голден стејт Вориорс, кој во пет натпревари го елиминираа Далас.
Бостон во Мајами играше против најдобриот тим на Истокот во регуларниот дел од сезоната и против традицијата. Првпат по 1974 година Селтикс доби мајсторка во финалето кога играл на гостински терен.
Селтикс водеше и го контролира резултатот во текот на целиот натпревар. На почетокот на вториот дел Мајами беше блиску до пресврт, уште еднаш Хит се врати во четвртата четвртина кога разликата беше еден посед, а Селтикси се најдоа во проблеми на крајот од мечот кога Мајами се доближи на два поена негатива со серијата од 9:0.
Потоа Мајами доби уште една шанса по промашувањето на Маркус Смарт. Џими Батлер имаше шут за израмнување, но го промаши. Смарт потоа погоди две слободни фрлања и така го постави конечниот резултат.
Во решавачкиот меч во Мајами, Бостон до победата го предводеше Џејсон Тејтум со 26 поени и 10 скока, односно Џејлен Браун и Маркус Смит со по 24 поени. За МВП на финалната серија е прогласен Тејтум. Тој ја доби наградата Лери Бирд, која се доделува од оваа година. Кај Мајами се истакнаа Џими Батлер со 35 поени и Бем Адебајо со 25 поени и 11 скока.
Селтикс 17 пати бил шампион во НБА-лигата, последен пат беше во финалето на НБА пред 12 години кога беше поразен од Лејкерси во седум натпревари. Голден Стејт е во потрага по седмата титула, а последната ја освои во 2018 година. Во 2019 година го загуби финалето од Торонто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.