Спорт
Брант ги врати Дортмунд на победите

Јулијан Брант постигна два гола за да ги предводи Борусија Дортмунд до 2:0 гостинска победа кај Штутгарт во првиот меч од 29. коло во Бундеслигата, за да ја прекине серијата од два меча без победа за „милионерите“, и сега Баерн Минхен бегаат шест поени пред нив на седум кола пред крајот на сезоната.
Мечот започна лошо за „милионерите“, кога Џио Рејна мораше да се повлече во солзи по само шест минути игра по враќањето на повредата на бутниот мускул и на неговото место влезе токму Брант, кој во 12. минута по асистенција на Ерлинг Халанд го отвори резултатот.
Борусија остана и без Махмуд Дау, кој мораше да биде изваден од игра во 36. минута исто так поради повреда, а победата беше запечатена во 71. минута од мечот повторно преку Брант.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-42-37166”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ибрахимовиќ: Пиев апчиња, од болки шест месеци не спиев

Златан Ибрахимовиќ се огласи на социјалните мрежи по успешната операција на предните вкрстени лигаменти и откри шокантни детали за повредата и состојбата на неговото колено во текот на оваа сезона.
Според прогнозите, Швеѓанецот ќе паузира околу осум месеци, па останува да се види дали потоа ќе може да ја продолжи кариерата, со оглед на тоа дека тогаш ќе наполни 42 години.
„Во изминатите шест месеци играв без лигаменти на левото колено. Имам оток шест месеци, можев да тренирам со тимот само 10 пати. Примив повеќе од 20 инјекции, земав лекови против болки секој ден. Едвај можев да спијам од болки. Никогаш не сум страдал толку многу на теренот и надвор од него. Нешто што е невозможно го овозможив, имав само една цел на ум, да ги направам соиграчите и тренерите шампиони на Италија бидејќи тоа го ветив. Денеска имам нови лигаменти и уште еден трофеј“, изјави Ибрахимовиќ.
Милан, по пауза од 11 години, повторно е шампион на Италија. Интересно, и таа титула Милан ја освои со Ибрахимовиќ во тимот.
Спорт
Лукас Пакета пред трансфер на „Сент Џејмс парк“

Њукасл јунајтед, клубот со најбогатите сопственици во светот, летово ќе прави голема реконструкција на тимот. „Тајмс“ објави дека првиот фудбалер што ќе го донесе Њукасл, во летниот преоден рок, ќе биде Лукас Пакета.
Бразилскиот играч за врска има договор со Лион до 2025 година, а Њукасл за неговиот трансфер подготви 60 милиони евра. Доколку трансферот биде реализиран тоа ќе биде клупски рекорд. Во јануари, Њукасл од Лион за 50 милиони евра го донесоа Бруно Гимараеш.
Пакета, 24-годишната бразилски репрезентативец е во Лион од 2020 година. Лион му плати на Милан 20 милиони евра, 18 милиони помалку отколку што Милан година и пол порано му плати на бразилскиот Фламенго.
Во последниот преоден рок Њукасл потроши повеќе од 100 милиони евра за да го засили тимот во борбата за опстанок во Премиер лигата. Тој ги доведе Бруно Гимараеш од Лион, Крис Вуд од Барнли, Киран Трипие од Атлетико и Ден Бурн од Брајтон.
Спорт
Македонија преку Лигата на нациите ќе се подготвува за квалификациите за Евро 2024

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги почне подготовките за новиот циклус во Лигата на нациите. Македонија во Ц-дивизијата, во Лигата на нациите, ќе се натпреварува во Групата 4 заедно со Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Во Лигата на нациита во јуни Македонија за десет дена ќе одигра четири натпревари. На почетокот Македонија ќе гостува најпрвин во Бугарија (2 јуни), а потоа и во Гибралтар (5 јуни).
Потоа следуваат домашните натпревари со Грузија (9 јуни) и Гибралтар (12 јуни).
„Овие натпревари ќе ги искористиме да им дадеме шанса на сите, за да знаеме со што располагаме, за она што следува во иднина, а тоа се квалификциите за ЕП 2024. Сите учесници во оваа група се со израмнет квалитет, не би го нарекол аутсајдер ниту Гибралтар“, рече селекторот Милевски.
Селекторот повика 28 фудбалери за овие натпревари. Уште пред да го објави списокот ги ослободи од обрските Адис Јаховиќ и Аријан Адеми.
Дополнително, од списокот отпаднаа капитенот Стефан Ристовски и Ердал Ракип.
„Ристовски има контузија на стапалото, станува збор за сериозна повреда. Добро е што нема скршеница, туку има голем оток“, откри македонскиот селектор.
Селекторот потврди дека нема да повика други фудбалери во репрезентацијата, туку преостанаите 26-мина ќе бидат во конкуренција за четири натпревари во јунскиот циклус во Лигата на нациите.