Спорт
Брејк на Селтикс во Сан Франциско – Бостон води во финалната серја против Голден стејт

Бостон селтикс со брејк во Сан Франциско го отвори големото финале во НБА-лигата. Селтикси ги совладаа Голден стејт вориорси со 120:108. Феноменалната последна четвртина, која Слетикси ја добија со 40:16 го реши победникот. На овој натпревар е поставен рекорд на постигнати тројки. Комбинирано двата тима погодија 40 тројки.
Домашните играчи подобро го отворија натпреварот, но и Бостон имаше свој одговор на тоа. Селтикси на стартот не им дозволија на Вориорси да стекнат значајна предност.
Првата четвртина ја одбележа маестралниот Стеф Кари, кој воведните 12 минути ги заврши со 21 поен, од кои 6 тројки.
Голден Стејт водеше во текот на првото полувреме, стигнаа и до 10 поени предност, но играчите на Бостон се вратија и поведоа на крајот на втората четвртина.
Бостон поведе со 56:54.
Во третиот квартал, играчите од Сан Франциско влегоа во шутерски ритам, во еден момент имаа и 15 поени предност.
Таа предност можеше да биде поголема, но Селтикси не дозволија да се случи тоа. На крајот од третата четвртина Голден Стејт вориорс водеа со 12 поени разлика 92:80.
Четвртата четвртина почна со серијата во Бостон иницирана од феноменалниот Џејлен Браун.
Таа серија беше клучна за победата на Селтикс. Бостон израмни, а со двете тројки на Ал Хорфорд стекна предност од шест поени.
Во тие моменти Селтикси не можеа да промашат, Вориорси немаа одговор на оваа блескава четвртина на Бостон и Селтикси дојдоа до победа и „брејк“ на гостински терен.
Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Ал Хорфрод со 26 поени. Покрај тоа, имаше и шест скока, три асистенции, а шест пати беше прецизен во шутот за три.
Покрај него, одличен меч одигра и Џејлен Браун, особено во последната четвтина. Браун постигна 25 поени со седум скока и пет асистенции.
Пејтон Причард постигна 21 поен, Маркус Смарт 18, а Џејсон Тејтум одигра многу полошо за неговите стандарди. Натпреварот заврши со 12 поени и 13 асистенции, но тој шутираше очајно – 3/17 од игра.
Стеф Кари беше одличен во тимот на Голден Стејт со 34 поени, пет скока и пет асистенции. Ендрју Вигинс постигна 20, а Клеј Томпсон 15 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Евертон ги казни грешките на Трипие – Пораз на Њукасл на Гудисон парк

Евертон го декласира Њукасл со 3:0 во 15.коло, во Премиер лигата. Со овој триумф, Евертон и покрај минусот од 10 бода, излезе од опасната зона. Зад него на табелата се Лутон, Барнли и Шефилд јунајтед.
Мечот на Гудисон парк беше решен во последните 10 минути, кога Киран Трипие им овозможи на домашните да постигнат два гола.
Англискиот репрезентативец направи две катастрофални грешки во 79. и 86.минута, кои ги казнија Мекнил и Дукуре.
Точка на натпреварот со првиот гол во Премиер лигата, стави португалскиот напаѓач Бето во 96.минута.
Спорт
Загреб победи во Битола – Пелистер остана на нула во ЛШ

facebook.com/hceurofarmpelister
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се упте се без победа и без освоен бод во Лигата на шампионите. Во 10.коло, Еурофарм Пелистер доживеа пораз од Загреб 22:23 (10:13). Македонскиот шампион заедно со Целје се двата тима кои се без победата.
Пелистер вечерва веројатно ја пропушти последната шанса да запише триумф во Лигата на шампионите, во тоа ги спречи голманот Мандиќ кој со 20 интервенции беше најдобар на теренот.
Загреб имаше предност во текот на целиот натпревар, Пелистер имаше шанса но не ја искорсити. Во 39.минута „зелените“ изедначија на 18:18, но не и да направат пресврт. Загреб врати со два брзи гола и до крајот не го испушти водството.
Најдобри во редовите на Пелистер голманот гебдан со 14 одбрани и Кузмановски со осум гола.
Спорт
Интер му нуди нов договор на Лаутаро Мартинез

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека клубот му нуди продолжување на договорот на аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез.
Мартинез (26) во Интер пристигна во 2018 година од Расинг за околу 25 милиони евра. Тој има договор до 30 јуни 2026 година, а оваа сезона има постигнато 15 гола на 19 натпревари во сите натпреварувања.
„Се обидуваме да го продолжиме договорот со Мартинез на уште пет години. Преговараме со Лаутаро, а добро е што тој го има она големо чувство за припадност кон овој клуб, што во модерниот фудбал навистина не е за потценување“, изјави Марота.
Аргентинскиот напаѓач одигра 257 натпревари за Интер и постигна 117 голови. Со клубот освои пет трофеи.
Мартинез за аргентинската репрезентација настапи на 54 натпревари и постигна 21 гол.