Спорт
Брињоне со блескава победа стана лидерка во генерален пласман! (видео)
Федерика Брињоне е новиот лидер во генерален пласман во Светскиот куп во алпско скијање по триумфот на трката во алпска комбинација во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана.
Брињоне беше лидер по утринската супер-џи трка за да остане прва и по слаломската трка за победа со комбинирано време од од 1:15.62, за 0.92 секунди пред Австријката Франциска Грич и дури 1.82 секунди пред третопласираната Чехинка Естер Ледецка. Петра Влхова, која беше втора по супер-џи трката, не го заврши слаломот и пропушти шанса да стане втора во генерален пласман.
Со 100-те поени за победата, Брињоне има 1.298 на првото место во генерален пласман пред Микаела Шифрин со 1.225 и Влхова со 1.139. Американката Шифрин не се врати на скијачките терени овој месец по смртта на нејзиниот татко. Од американскиот тим не знаат дали таа ќе се врати оваа сезона или ќе ја пропушти круната на Брињоне или Влхова без борба.
Federica #Brignone si prende Combinata e vetta della Coppa del Mondo ⛷?
Questa la manche di Slalom di SuperFede a #CransMontana ?? pic.twitter.com/FiRuBeKWzm
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) February 23, 2020
A #CransMontana è il #SuperG di SuperFede: #Brignone strepitosa nella prima parte della combinata. ?⛷
Appuntamento alle 13:10 su Eurosport1 per la manche di slalom pic.twitter.com/zK1MVzPylQ
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) February 23, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.