Спорт
Британската ѕвезда Радукану ќе „промовира руска пропаганда“ со својот тренер Турсунов?
Британската тениска „кралица“ Ема Радукану е обвинета од дел од британските медиуми дека ќе биде „алатка“ за руска пропаганда, откако 19-годишната актуелна шампионка од САД опен потврди дека ќе почне да работи со рускиот тренер, Дмитриј Турсунов пред одбраната на титулата.
Радукану не успеа да ја повтори блескавата форма од минатата сезона во Њујорк и по низа тренери со кои работеше привремено, се реши да почне да работи со поранешниот руски тенисер Турсунов, кој до минатиот месец беше тренер на естонската светска тенисерка број 2, Анет Контавеит.
Крис Брајант, шефот на парламентарната група за Русија, тврди дека „Кремљ ќе го претстави ова како голема победа и како доказ дека Британија не се грижи за Украина“.
„Ќе биде вистинска штета ако Ема продолжи со ова. Би требало да размисли добро, и барем да го натера својот тренер да ги осуди варварските потези на Владимир Путин во Украина“, изјави Брајант, член на Лабуристичката партија за „Телеграф“.
Со него се согласува и пратеникот од владејачката Конзервативна партија, Џулијан Најт.
„Не е убаво да се види Русин како тренер на првата британска ѕвезд. Се надевам дека британската федерација ќе покаже лидерство и ќе ја советува Ема што е најдобро да направи“, изјави Најт.
39-годишниот Турсунов е поранешен тенисер, кој имаше најдобар рејтинг во топ 20 на АТП-листата, пред да се пензионира во 2017 година, по што работеше со Контавеит, Белорусинката Арина Сабаленка и поранешната светска тенисерка број 1 во двојки, Русинката Елена Веснина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година
Новак Ѓоковиќ го искористи петтото прогласување за најдобар спортист на планетата за да ги открие своите идни планови.
Српскиот тенисер, на новинарите во Мадрид им откри дека се ште не размислува за пензионирање.
„Мојата најважна цел годинава е златен медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, немаше ни да играм. Секогаш мора да верувате дека се е можно во животот. Којзнае дали повторно ќе имам таква шанса. Сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи.
Тој објасни и зошто решил да не игра на Мастерсот во Мадрид.
„Го подготвувам своето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и Ју-ес Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам за две недели да учествувам на Мастерсот во Рим. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Сè уште сум млад, ми останува уште многу време за игра“, се пошегува Ѓоковиќ, кој за околу еден месец полни 37 години.
Спорт
Крај на сезоната за Де Јонг
Фудбалерот на Барселона Френки де Јонг го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Реал Мадрид. Холанѓанецот во финишот на првото полувреме, со помош на лекарскиот тим го напушти теренот.
Барселона ја потврди повредата на Де Јонг без да прецизира колку време ќе биде надвор од терените.
Каталонските медиуми објавија дека Холанѓанецот ќе отсуствува пет недели, што значи дека оваа сезона за него заврши.
Според истите извори, 26-годишниот холандски репрезентативец би требало да биде подготвен за Европското првенство кое е закажано од 14 јуни до 14 јули.
Холандија на ЕП ќе игра во групата Д со Франција, Полска и Австрија.
Спорт
(Видео) Филаделфија за 30 секунди испушти +5 – Њујорк во серијата води со 2:0
Њујорк Никс во нестварна завршница успеаја да ја совладаат Филаделфија со 104:101 и поведоа со 2-0 во серијата.
На Филаделфија не и помогна тоа што имаа водство од 101:96 на 30 секунди пред крајот на четвртата четвртина… Сепак, тогаш Брансон погоди тројка од дриблинг, а во следниот напад Донте ДиВинченцо покажа зошто тој е еден од најдобрите шутери во оваа сезона во НБА и тој погоди тројка.
На крајот, Тајрис Макси промаши, а Оу-Џи Ануноби од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат 104:101. Џоел Ембид се обиде во последната секунда од тешка позиција, но не успеа да му донесе продолжение на својот тим.
Во демонстрација на физички напорна кошарка, која често недостасува во текот на регуларниот дел, беа забележани многу дуели кои беа полни со физички контакти.
Според американските медиуми, Сиксерси не биле задоволни од судењето, па ќе поднесат официјална жалба до раководството на НБА.
Џејлен Брунсон беше најефикасен кај победниците со 24 поени, но со очаен шут од поле – 8/29. Тој забележа и осум скока и шес асистенции. Џош Харт ги одигра сите 48 минути за тимот на Том Тибодо и за тоа време забележа 21 поен (7/16 од поле), 15 скока и три асистенции.
Донте ДиВинченцо додаде 19, Ајзеаа Хартенштајн 14, а Оу-Џи Ануноби 10 поени во тимот за кој, да потсетиме, поради повреда не настапува Џулиус Рендл.
Филаделфија го доби во нападот она што го бара од двајцата најдобри играчи, но целосно потфрли остатокот од екипата. Тајрис Максинатпреварот го заврши со 35 поени (12/22 од поле), девет скока и 10 асистенции.
Џоел Ембид одигра 39 минути и покрај тоа што се уште не е целосно закрепнат од повредата на коленото и имаше 34 поени (12/29 од поле, 8/12 слободни фрлања), 10 скока и шест асистенции.