Контакт

Спорт

Будуќност го отпуштија Суботиќ

Објавено пред

Слободан Суботиќ пред пет дена ги предводеше кошаркарите на Будуќност до победата над Црвена ѕвезда во Белград, а претпладнево доби отказ. Словенецот го плати цехот за лошите резултати во Еврокупот.

Клупските челници преку соопштение објавија дека со Суботиќ бил договорен спогодбен раскин на договорот.

„Имајќи во предвид дека Управниот одбор и тренерот Суботиќ го делат заедничкиот став дека на екипата и е потребна промена за да може да се врати на победничкиот колосек и да ја продолжи сезоната во Еврокупот, се согласивме дека во овој момент спогодбен раскин на договорот е најдобро решение“.

Будуќност немаат победа по три одиграни натпревари во Еврокупот. Два од тие порази доживеаја на домашен терен од објективно послаби тимови Тренто (Италија) и Арка (Полска).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Мејведер најави кам-бек во УФЦ, дали е можен дуел со Хабиб?

Објавено пред

Иако само пред неколку дена изјави дека завршил со „бруталниот спорт боксот“, непоразениот Флојд Мејведер Јуниор самиот најави кам-бек, заедно со претседателот на најелитната ММА организација, УФЦ, Дејна Вајт.

„Дејна Вајт и јас работиме заедно за на светот да донесеме уште еден спектакуларен настан во 2020“, напиша Мејведер на Твитер, со интересни хеш-тагови: бокс, УФЦ и ММА.

Во интервјуто ова недела, 42-годишниот Мејведер, кој се повлече со 50-0 скор во боксерскиот ринг изјави дека „завршил“ со боксот, но призна дека може да настапува на некои егзибициски мечеви, налик на тој од минатата година кога го „уништи“ јапонскиот кик-боксер, Теншин Насукава.

Мејведер се врати од пензија во 2017 година и заедно со Вајт го организираше дуелот во боксерскиот ринг против Конор Мекгрегор. Не е јасно дали тие ќе работат само на заеднички проекти или Мејведер ќе влезе во УФЦ октагонот. Неодамна, Мејведер беше директно поврзуван со дуел со УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, човекот кој исто така го победи Мекгрегор во богат меч минатата година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лампард како Мурињо: Никогаш нема да бидам тренер на Тотенхем!

Објавено пред

Френк Лампард инсистира дека никогаш нема да го следи примерот на Жозе Мурињо и да биде тренер на Челси и Тотенхем, инсистирајќи дека слободно може новинарите да ја пуштат оваа порака за 10 години.

Ова доаѓа откако Мурињо во 2015 година, како тренер на „сините“, изјави дека никогаш нема да биде тренер на Тотенхем поради навивачите на Челси, за оваа недела да го замени Маурисио Почетино на клупата на клубот од Лондон.

Лампард, кој призна дека му пратил порака на Мурињо по неговото ангажирање, вели дека тој може да го каже тоа и да го повтори ветувањето за 10 години, ако тоа е потребно

„Можам цврсто да кажам не, и можете да ја пуштите истата снимка за 10 години. Тоа нема да се случи. Мурињо работеше во многу клубови и мора да се почитува неговото право за работа. Тоа е негова одлука, а како ќе оценуваат фановите никогаш не можете да знаете“, вели Лампард.

Токму Лампард беше клучен дел од тимовите на Челси со кои Мурињо освојуваше титули и сега мисли дека под него, Тотенхем ќе се ривали за топ 4 пласман и покрај 14. место во моментов.

„Историјата и резултатите зборуваат сами. Титулите кои ги освои во клубовите со кои работеше не се изненадување. Тој го правеше тоа постојано“, вели Лампард.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ и Троицки пропуштија три меч-топки – Русија во полуфиналето на Дејвис-купот

Објавено пред

Дејвис-куп репрезентацијата на Русија се пласира во полуфиналето од најстарото тениско тимско натпреварување победувајќи ја Србија предводена од Новак Ѓоковиќ по одлучувачкиот меч во двојки и сега ќе се борат утре со Канада за пласман во финалето.

Во првиот меч од дуелот Андреј Рублев доминира против Филип Краиновиќ победувајќи со 6:1/6:2, но во вториот светскиот рекет број 2, Ѓоковиќ, беше исто толку доминантен против 23-годишниот Карен Хачанов со 6:3/6:3 израмнувајќи на 1:1.

Во одлучувачкиот меч во двојки, по драматична борба во три сета, Рублев и Хачанов стигнаа до 6:4/4:6/7:6(8) победа над Ѓоковиќ и Виктор Троицки за пласман во полуфиналето. Ѓоковиќ и Троицки успеаја да пропуштат три меч-топки во тај-брејкот за да дозволат победата да им избега.

Во другите две четврт-финалиња играат Шпанија – Аргентина, односно Германија – Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Најново

Интервју/Дебата28 минути

(Видео) Дескоскa: Не само имот, ќе се испитуваат и влијанија врз судиите од адвокати и лоби-групи

Министерката за правда во интервју за „Макфакс“ рече дека со идејата за проверката во правосудството нема да биде опфатено само...

Македонија45 минути

Триесет дена притвор за дадилката што тепаше дете во игротека

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се прифаќа барањето на Јавното обвинителство за мерка притвор од 30 дена...

Регион2 часа

Вучиќ: Му реков на Заев дека нема да има преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој денеска беше во прва официјална посета на Белград,...

Македонија2 часа

Во Германија уапсен Јетон Љужа, третообвинетиот за убиството на Саздо

Во Хамбург вчера германската полиција го уапсила Јетон Љужа, третообвинет за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо во Автокоманда...

Македонија4 часа

(Видео) Бучковски: Ги победивме Михајло, Филимена, судиите и обвинителите кои решија на наш грб да прават кариера

Во завршниот збор на експремиерот Владо Бучковски за предметот „Тенковски делови”, рече дека воделе 4:0 и победата била на дофат,...

Македонија5 часа

Пендаровски од Белград: Иницијативата мал шенген не е алтернатива за ЕУ

Освен независноста на Косово, Македонија и Србија немаат други отворени билатерални прашања, рече денес српскиот претседател Александар Вучиќ по пленарната...

Регион5 часа

Брегу: Повеќе од пет милиони граѓани од Западен Балкан заминаа во ЕУ во последните седум години

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, изјави дека повеќе од пет милиони граѓани од Западен Балкан емигрирале...

Македонија6 часа

Пендаровски: Односите меѓу Северна Македонија и Србија се одлични и без спорни точки

Односите меѓу Северна Македонија и Србија се одлични и без спорни точки, изјави претседателот Стево Пендаровски, по средбата со неговиот...

Регион8 часа

Откриен идентитетот на Србинот во шпионската афера

На видеото со рускиот воен разузнавач е потполковникот во српската војска З.К., а безбедносните служби проверуваат дали тој за пари...

Регион9 часа

Во БиХ годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот

Во Босна и Херцеговина, особено во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот,...

Свет10 часа

Милијардерот Блумберг влегува во трка за претседател на САД

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој е поранeшен градоначалник на Њујорк, направи уште едeн чекор кон официјалната кандидатура за претседател на САД....

Свет10 часа

Нетанјаху: Обвинението за корупција и земање мито е обид за пуч

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли обвинението за корупција и го нарече обид за пуч против него. Нетанјаху во јавно...

Македонија12 часа

Почнува бесплатната вакцинација против сезонскиот грип

Бесплатната вакцинација против сезонскиот грип почнува од денеска. Од Министерството за здравство вчера информираа дека оваа сезона се набавени вкупно...

Македонија12 часа

Пендаровски во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Денеска во...

Македонија22 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Македонија24 часа

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија1 ден

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија1 ден

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Досие