Спорт
Букајо Сака англиски фудбалер на годината

Младиот фудбалер на Арсенал Букајо Сака е прогласен за најдобар англиски играч во 2022 година.
Сака за наградата ги победи Хари Кејн од Тотенхем и Деклан Рајс од Вест Хем.
Фудбалерот кој неодамна наполни 21 година е вистински лидер на Арсенал оваа сезона. Крилниот напаѓач во досегашниот тек од сезоната во Премиер лигата има учинок од еден постигнат гол и четири асистенции.
BREAKING: Bukayo Saka is named England men's player of the year ????????????????????????????✅ pic.twitter.com/FC3vp9llCb
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нереална серија на Баерн во Лигата на шампионите

Баерн ја продолжува серијата на неверојатни резултати во групната фаза од Лигата на шампионите.
Баварците синоќа го совладаа Копенхаген на гости со 2:1 и стигнаа до 36 натпревари без пораз во прелиминарната фаза од елитното европско натпреварување.
На тие 36 натпревари Баерн оствари дури 33 победи и имаше само три ремија.
Ајакс двапати успеа да дојде до бод, а Атлетико Мадрид еднаш.
Последниот пораз на Баерн беше во 2017 година, кога во Париз беше поразен од ПСЖ со 3:0.
Bayern Munich are now undefeated in 𝟯𝟲 Champions League group games 🤯💥 pic.twitter.com/dPhtcWdyT5
— OneFootball (@OneFootball) October 4, 2023
Спорт
Објавена снимката од ВАР-собата во контроверзниот пораз на Ливерпул

ПГМОЛ, англиската судиска асоцијација, објави видео од разговорот во ВАР собата, на натпреварот Тотенхем-Ливерпул, кога беше поништен голот на Луис Дијаз. Во саботата, Тотенхем го победи Ливероул со 2.1.
Многу полемики предизвика судењето на Сајмон Хупер, неговите помошници и судиите во ВАР-собата. Најмногу се зборува за поништениот гол на Ливерпул. Во 34. минута Дијаз погоди за водство на Ливерпул од 1:0, но помошниот судија сигнализираше офсајд.
Таа одлука беше потврдена по многу кратка проверка на ВАР, а во ВАР просторијата заклучија дека нема потреба да се цртаат линии за да се види дали Колумбиецот бил во недозволена позиција.
По натпреварот судиската организација ја призна грешката и порача дека голот на Дијаз бил регуларен. Тие потоа издадоа соопштение во кое тврдеа дека судијата Дарен Ингланд мислел дека голот на почетокот бил потврден на теренот.
По кратка проверка, тој се увери дека нема офсајд и само го извести судијата Хупер дека „проверката е завршена“ и дека нема ништо спорно.
🚨 @PremierLeague release official VAR audio from Luis Diaz's disallowed goal vs Tottenham.
Full statement: https://t.co/buvq5mG2q3 pic.twitter.com/a8zjGgcOCO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 3, 2023
„Проверката е направена, прегледот е направен, се е во ред“.
Судијата Хупер потоа даде знак натпреварот да продолжи, по што се јави операторот во ВАР собата задолжен за повторување на снимката, кој вели: „Дали сте задоволни со ова?“
„ВАР: Офсајд, да. Ова е погрешно.
Оператор: Чекај, чекај, чекај… Одлуката на теренот беше дека е офсајд. Дали сте задоволни со аголот?
ВАР: Да. Офсајд, гол. Тоа е погрешно“.
Спорт
Тен Хаг: Скапо ги плативме грешките, сите заедно мораме да најдеме излез од кризата

Манчестер јунајтед е поразен и во вториот натпревар во групата А од Лигата на шампионите.
По поразот во Минхен од Баерн (4:3), тие загубија и на домашен терен од Галатасарај со 3:2, иако двапати водеа.
По катастрофалната грешка на Андре Онана, гостите добија пенал, а Јунајтед остана без Касемиро кој доби црвен картон. Икарди го промаши пеналот, но Аргентинецот неколку минути подоцна погоди за победа на Галатасарај.
Ерик тен Хаг, менаџерот на Манчестер јунајтед, по шестиот сезонски пораз во десет натпревари во сите конкуренции, вели дека само заедништвото може да го извлече тимот од кризата.
„Водевме двапати и ја контролиравме играта. А потоа имаше грешки, би рекол суштински грешки кои обично не ги правиме. Тоа не смее да се дозволи на ова ниво. Бевме казнети поради тоа. Тешко е да се контролира сè, но ние сме во ова заедно. Не се работи за грешка на поединец, туку за тимски грешки и затоа не победуваме. Ова беше непотребно, бидејќи двапати имавме водство“, вели Тен Хаг.
Онана згреши како на натпреварот против Баерн.
„Морам да разговарам со играчите, но секако и со Андре. Ќе го поддржам бидејќи е одличен голман“, вели Тен Хаг.
Не сака да признае дека се е изгубено.
„Се е отворено. Имаме уште четири натпревари, а следните два се против Копенхаген. Секој меч е тежок, но знаеме што треба да направиме. Наше е да останеме живи во групата и да ги задржиме шансите да одиме понатаму“, заклучи Тен Хаг.