Спорт
Бундеслигашко гол-шоу – осум гола меѓу Волфсбург и Вердер!

Волфсбург со 5:3 го совлада Вердер Бремен во фантастично отварање на деветтото коло во Бундеслигата, во меч полн со пресврти и голови.
Битенкорт уште во 13-тата минута ги донесе гостите во водство, но само за три минути домаќините прават пресврт преку Баку (22. минута) и Брукс (25. минута). Вердер израмни во 36. минута преку Мовалд, но домаќините само минута подоцна преку Вегхорст го вратија водството.
Уште едно израмнување имаше на стартот на второто полувреме со автоголот ан Брукс, пред домаќинтие да го решат мечот со головите на Вегхорст (76. минута) и Бјалек (90. минута).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
СП: Шпанија и Шведска во полуфинале, Французите и Унгарците играат продолженија

Откако попладнето Данска и Египет одиграа крајно драматичен и напнат меч кој беше неизвесен до крајот и беше решен по изведувањето на пенали, можеби не очекува слична драма во дуелот помеѓу Франција и Унгарија, откако Шпанија и Шведска лесно ги решија своите четврт-финални мечеви.
Данска ќе игра со Шпанија, откако „фуријата“ ја продолжи добрата игра на Мундијалот со победа од 31:26 над Норвешка, обезбедена откако во првото полувреме направија предност од шест гола (21:15), а Шведска со 35:23 го декласираше Катар.
Франција, пак, се намачи со Унгарците, кои прво водеа во првото полувреме, за потоа да бркат предност и да израмнат на 30:30 за продолженија.
СП ЕГИПЕТ 2021, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Данска – Египет 39:38 (16:13, 12:15. 7:7, 4:3)
Франција – Унгарија 30:30, продолженија
Шпанија – Норвешка 31:26 (21:15)
Шведска – Катар 35:23 (14:10)
ПОЛУФИНАЛЕ
Данска – Шпанија
Франција/Унгарија – Шведска
Спорт
Клоп е „мајстор“ за реклами – годишно заработува 7.5 милиони евра!

Јирген Клоп е познат како еден од најдобрите фудбалски тренери на планетата, докажувајќи се со Борусија Дортмунд и Ливерпул, но покрај тоа тој е мајстор на телевизиските реклами, откако само од спонзорски договори зарaботил 7.5 милиони евра минатата година, на што се надополнува и платата од 18 милиони евра годишно која ја зема од Ливерпул.
Неговиот советник, Марк Козике вели дека се одбиваат повеќе понуди отколку што се прифаќаат, а и покрај тоа тој е ексклузивно лице на автомобилскиот гигант Опел, на ВР-Банк, на Дојче Фермогенсбератунг (ДВ, најпознати како долгогодишни спонзори на Михаел Шумахер), на пивото Ердингер, на „Скај ТВ“, а најновиот договор е со „Сникерс“ за Европското првенство во фудбал следната година.
„Одлучивме дека Јирген стои за работи на кои пишува ‘Made in Germany’. Се обидуваме да осигураме дека тој промовира германски компании. Освен британскиот ‘Скај’, но тој е исто како да е германски бренд поради долгата историја на ТВ-преноси од Бундеслигата“, вели Козике.
Покрај овие постоечки договори, во минатото тој ги промовираше и Пума, Њу Баланс и Адидас. Клоп не е на социјалните мрежи, а откако стана тренер на Ливерпул во 2015, само еднаш се појавил како гостин на ТВ-шоу – на „Мандеј најт фудбал“ на Скај во септември 2016 година. Тој дури откажа присуство на шоуто на Греем Нортон на Би-Би-Си по освојувањето на титулата од ЛШ во 2019, а одбива можност да се снима документарен филм како тој на Манчестер сити и Тотенхем.
Спорт
Тухел дебитира со реми без голови, Барнли со луд пресврт ја победи Вила!

Челси одигра само 0:0 со Вулверхемптон во дебито на Томас Тухел на клупата на „сините“, а во далеку поинтересниот меч Барнли ја продолжи фантастичната низа на резултати победувајќи ја Астон вила со 3:2 откако по час игра губеше со 1:2.
Иако вчера го одработи првиот тренинг и тешко дека неговото влијание може да се забележи по еден натпревар, „сините“ овој пат играа со 3-4-3 тактика и со неверојатни 433 додавања во првото полувреме, најмногу за Челси откако се води оваа статистика (2003).
Chelsea completed 4️⃣3️⃣3️⃣ passes in the first half 👏
More than Chelsea have managed in the first half of ANY Premier League game since the stat was first counted in 2003-04 👀 pic.twitter.com/Iw9VjOZzOA
— Goal (@goal) January 27, 2021
И покрај ова, патот до голот на Вулфс тешко се наоѓаше, а и гостите имаа неколку добри шанси да ги однесат трите поени.
Барнли на Шон Дајч, пак, тимот што ја прекина низата од 68 домашни меча без пораз на Ливерпул во претходното коло, стигна до нова победа кога за три минути ја демонтира Астон вила.
Оли Воткинс уште во 14. минута ја донесе Вила во водство на „Турф мур“, но Бен Ми израмни во 58. минута. Џек Грилиш ја врати предноста во 68. минута пред Двајт Мекнил и Крис Вуд во 76. и 79. минута да го комплетираат пресвртот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот