Контакт

Спорт

Бунт пред „Емиратите“ – навивачите на Арсенал контра американските газди

Објавено пред

Навивачите на Арсенал очигледно им простуваат на своите американски газди за вклученоста во проектот на европската Суперлига откако пред вечерашниот меч против Евертон се собраа во огромен број пред „Емиратите“ со пароли против Стен Кренке.

Иако вчера синот на Кренке и член на бордот на клубот, Џош Кренке, имаше конференциска врска со групите навивачи, навивачите не простуваат и бараат заминување на американскиот газда. Претходно, и навивачите на Челси протестираа поради Суперлигата, како и дел од навивачите на Ливерпул, кои отпатуваа до Лидс за да го искажат своето незадоволство.

Стен Кренке е вклучен во Арсенал од 2008 пред во 2011 година да стане мнозински сопственик на клубот по што следува драстичен пад на резултатите на „топчиите“ и навивачите подолго време се незадоволни од водството.

Кренке инаку има богатство од над 8 милијарди долари, а исто така е сопственик на НБА-клубот Денвер нагетс, на НХЛ-тимот Колорадо аваланш и на МЛС-клубот Колорадо рамс.

Спорт

ФИФА повторно го одложи почетокот на африканските квалификации за СП 2022

Објавено пред

ФИФА, во четвртокот, објави дека квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022, во африканската зона, ќе започнат во септември. Ова е втор пат ФИФА да го одложи почетокот на квалификациите во Африка. Планирано беше тие да започнат во октомври минатата година, но тогаш почетокот го одложи коронавирусот.

„ФИФА може да потврди дека заедно со Африканската конфедерација, поради проблемите со вирусот Ковид-19 и желбата да се обезбедат максимални услови за играње на натпреварите, да го одложи почетокот на квалификациите“, соопшти светската Куќа на фудбалот.

Квалификациските натпревари во Африка ќе се играат во септември, октомври и ноември оваа година и март наредната година.

Во африканските квалификации за пет места на СП ќе се борат 54 репрезентации.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лахоз ќе го суди мечот на сезоната во Ла Лига

Објавено пред

Матеу Лахоз ќе го суди мечот на сезоната во Ла Лига. Во сабота, Барселона ќе го пречека лидерот Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ ја предводат Ла Лига со 76 поени, два помалку имаат Реал и Барселона.

Лахоз не е омилен судија во Барселона. Тој во 2014 година го судеше дуелот на двата тима, во последното коло, кога Атлетико со ремито 1:1 ја освоија титулата. Тогаш од Барселона тврдеа дека при резултат 1:0, Лахоз, му поништил чист гол на Меси.

Лахоз требаше да го суди и „Ел Класико“, пред еден месец, но тогаш се откажа поради повреда.

Прикажи повеќе...

Спорт

Виљареал ја брани честа на на континетална Европа

Објавено пред

Вечерва ќе бидат познати финалистите во Лига Европа. Реални се шансите и во ова натпреварување за трофејот да се борат англиски клубови. Од 21 часот ќе започнат натпреварите Арсенал-Виљареал и Рома-Манчестер јунајтед.

На Арсенал нема да им биде лесно да ја стигнат предноста на Виљареал од 2:1. Виљареал, пред една недела, не ја искористи можноста со поголема разлика да го победи Арсенал.

Арсенал и Виљареал, досега два пати играле во Лигата на шампионите. По два натпревари во 2006 и 2009 година, клубот од Лондон излегувал како победник против „жолтата подморница“.

Во вториот натпревар не би требало да има никаква неизвесност. Јунајтед во Рим ќе стартуваат со предност од 6:2. „Црвените ѓаволи“ се во добра форма, ќе се обидат уште еднаш да го освојат трофејот. Јунајтед, Лига Европа ја освоија во 2017 година.

Дуелот за титулата ќе се одигра на 26.мај во Гдањск.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Антикорупциска го добила документoт за исплата на 7 милиони и 8 илјади долари за кинески вакцини

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 час

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 час

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија2 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија3 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион4 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет4 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет5 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет5 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет6 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија17 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија22 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија22 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет1 ден

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Досие