Контакт

Спорт

Бушар жртва на измама – човек лажел дека е нејзин брат и два месеци живеел на висока нога

Објавено пред

Соломон Шломо Азари се преправал дека е брат на канадската тениска ѕвезда Јуџини Бушар и живеел во луксуз два месеци, трошејќи 42.000 долари од банкарската сметка на спортистката.

24-годишниот Азари од мај до јули бил во „Саут бич“ хотелот во Мајами, каде што на луѓето им се преставувал како брат на Бушар, која инаку постојано се сместувала во хотелот кога не се натпреварувала. Покрај тоа што живеел во хотелот, тој уживал во луксуни оброци и пијачки во ресторанот на хотелот.

Неговата „шема“ била пробиена откако агентот на Бушар одбил да ја плати сметката од 42.000 долари, по што во неделата полицијата го уапсила Азари, кај кого исто така пронашла и кокаин. Тој е обвинет за грабеж, кражба на идентитет, организирана измама и поседување на дрога.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Вардар го победи Борец

Објавено пред

Фудбалерите на Вардар забележаа победа во воведниот натпревар од 19 коло во рамките на Првата македонска фудбалска лига. Лидерот на табелата со 1:0 го доби гостувањето во Велес, кај Борец.

Натпреварто во Велес го реши репрезентативецот на Македонија Даниел Аврамовски во 33 минута. Голот што го постигна против Борец беше единаесетти за Аврамовски оваа сезона. Овој пораз е прв за Борец на домашен терен оваа сезона.

Колото ќе се комплетира утре со натпреварите: Работнички-Шкупи, Ренова-Струга, Силекс-Шкендија и Македонија ЃП-Академија Пандев.

foto/fkvardar.mk

Прикажи повеќе...

Спорт

Лампард го надмудри Мурињо – Челси го победи Тотенхем (Видео)

Објавено пред

Лондонското дерби помеѓу Челси и Тотенхем кое го отвори 27 коло во Премиер лигата им припадна на „сините“ со 2:1 (1:0).

Избраниците на Френк Лампард, кој и во третиот меч против Жозе Мурињо излезе како победник, одиграа одличен натпревар и заслужено ги освоија бодовите.

Сенка на нивната победа фрла авто-голот што си го постигнаа во 89 минута. По овој дуел во Англија повторно ќе се отвори дебата за начинот на кој се употребува ВАР-технологијата.

Нејасно е како Аргентинецот од Тотенхем, Џовани Ло Селсо, не доби црвен картон за бруталниот старт врз капитенот на Челси Цесар Аспиликуета.

Мечот започна со шансите на Лукас Моура во деветта минута за Тотенхем и Мејсон Маунт за Челси две минути подоцна.

Челси до првиот гол дојдоа преку Оливие Жиру кој по три месеци доби шанса да биде старетер кај Лампард.

На голот му претходеше одличната одбрана на Љорис против Жиру, потоа дирекот што го погоди Маунт, а Жиру од третиот обид го погоди голот.

Домашните играчи предноста ја зголемија на самиот страт на вториот дел. Во 48 минута една добра тимска акција со прецизен удар ја заврши, уште еден играч кој подолг период не добиваше шанси од Лампард, Маркос Алонсо.

Шпанецот можеше да постигне уште еден гол, но обидот што го имаше од слободен удар заврши во дирекот. Во вториот дел шанси за Челси промашуваа и Маунт, односно Абрхам.

Тотенхем намалија во претпоследната минута од акција која не требаше да претставува опасност за Кабалјеро. Ламела се обиде да нафрли топката ја допре ногата на Ридигер и заврши во голот.

Челси по оваа рунда ќе остане на четвртото место сега со 44 поени, четири повеќе од Тотенхем.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Совршен тренер? Комбинација на Клоп и Гвардиола“

Објавено пред

Еден од најдобрите напаѓачи во светот Роберт Левандовски, во кариерата има можност да работи си Јирген Клоп и со Пеп Гвардиола.

Полјакот во Борусија Дортмунд во 2010 година го донесе токму Клоп, а подоцна тој беше во Баерн кога Баварците го ангажираа Гвардиола. Поради тоа Левандовски смета дека совршен тренер треба да биде комбинација на Клоп и Гвардиола.

„Кога бев во Дортмунд со Клоп се обложив дека ќе ми дава по 50 евра ако на тренинг постигнам 10 гола. На првиот постигнав три или четири. Потоа седум или осум. Три месеци подоцна можев на секој тренинг да постигнам по десет гола. Клоп ми кажа дека тоа е премногу за него и дека не сака повеќе да учествува во играта. Клоп ми помогна да се сменам, да напредувам. Тој е неверојатен. Мора да верувате во се што зборува“, рекол полскиот напаѓач.

Тој признава дека целосно созреал како фудбалер кога ја започнал соработката со Гвардиола.

„Многу научив и од него. Често разговаравме за тактиката, тоа за мене беше нешто ново. Знаев дека тоа ќе биде добро за мене. Тие двајца многу се разликуваат. Со нивна комбинација би добиле совршенство“, заклучил Левандовски.

Роберт Левандовски оваа сезона на 32 натпревари има постигнато 38 голови.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“,откако паднал во дупка длабока...

Топ7 часа

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа7 часа

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ8 часа

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа8 часа

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет9 часа

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ23 часа

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија1 ден

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Македонија1 ден

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија1 ден

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ1 ден

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија1 ден

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија1 ден

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија1 ден

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава1 ден

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет1 ден

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион1 ден

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет1 ден

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Досие