Спорт
„Целта треба да биде 52 отсто“
Крег О’Шонеси, кој до пред еден месец работеше како аналитичар во тимот на Новак Ѓоковиќ за „Тенис хед“, напишал дека на сите тенисери треба целта да им биде да освојат 52 отсто од одиграните поени. О’Шонеси се повикува на статистиката за периодот 2015-2019, што на својата страница на интернет ја објави АТП.
Според оваа статистика, само шестмина тенисери успеале да освојат 52 отсто од одиграните поени: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер, Енди Мареј, Милош Раониќ и Хуна Мартин дел Потро.
„Само тројца успеале да освојат 54 отсто од одиграните поени (Ѓоковиќ, Надал, Федерер), што значи дека во тенисот ситниците може да направат голема разлика. Тоа значи дека тие губат 46 отсто од поените. Поради тоа, ова е порака за другите тенисери. Немојте да се нервирате секојпат кога ќе изгубите поен. Доколку изгубите 46 отсто од поените, тоа значи дека ќе имате исклучително успешна кариера“, рекол О’Шонеси.
Процент на освоени поени во периодот 2015-2019:
Новак Ѓоковиќ – 25,921/47.169 (54,95 %)
Рафаел Надал – 23,753/43.403 (54,73 %)
Роџер Федерер – 22,516/41,281 (54,54 %)
Енди Мареј – 17,263/32,520 (53,08 %)
Милош Раониќ – 18,425/35,140 (52,43 %)
Хуан Мартин дел Потро – 12,822/24,458 (52,42 %)
MONEYBALL + tennis = a smarter sport. ??
You think it’s all about statistics, but it’s not. It’s all about strategy = weak running forehands, 1st serve direction under pressure, the 2-1 pattern, etc…
The language of #tennis is numbers.
Link ▶️ https://t.co/Xq4FwTUGUs pic.twitter.com/6pyJMEx71p— Craig O’Shannessy (@BrainGameTennis) March 17, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.