Спорт
Центар со 221 сантиметар може да проба и како плејмејкер

Кошаркарот на Далас Маверикс, Кристапс Порзингис вели дека неговиот стил на игра допринесол за да се изгубат класичните позиции во кошарката. Летонецот кој е висок 221 сантиметар спаѓа во редот на нетипични „петки“.
„Играта се отвора, веќе нема конкретни позиции и мислам дека допринесов за тоа. Не ми е битно дали ќе играм центар, крилен центар или ниско крило. Можеби ќе заиграм и како плејмејкер. Тренерот знае дека можам да бидам опасен за противникот каде и да ме стави“ – вели 24-годишниот кошаркар.
Во тој прилог говори и тренерот на „телињата“.
„Порзнгис е фантастичен. Во нападот ја промени позицијата центар во потполност. Имаме толку висок играч што шутира, додава, дрибла, со фантастично чувство за игра. Да сум млад центар, би сакал да имам такви способности“ вели Рик Карлајл.
Порзингис пред прекинт на сезоната просечно имаше по 26 поени и 10 скока на меч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Луис Суарез за Атлетико е она што Роналдо беше за Реал

Луис Суарез продолжи одигра уште еден брилијантен меч за Атлетико Мадрид. Уругавецот, синоќа на својот 34 роденден постигна гол, во победата над Валенсија 3:1.
Од почетокот на сезоната Суарез, одиграл 15 натпревари, на кои постигнал 12 гола во Ла Лига.
Уругваецот има најдобар почеток на сезоната во новиот клуб, во последните 10 години. Во 2010 година, Крстијано Роналдо, за Реал Мадрид, на првите 15 натпревари постигна 13 голови.
За потсетување, пред стартот на новата сезона, тренерот на Барселона Роналд Куман, му порача дека не му е потребен, а Суарез бесплатно се пресели во Атлетико.
Спорт
Рекорд на Браун, Бостон го декласираше Кливленд

Џејлен Браун, Демијан Лилард и Гордон Хејворд блескаа изминатата ноќ во НБА-лигата.
Бостон Селтикс ја прекина серијата од три порази против Кливленд Кавалирс. Селтикси предводени од Џејлен Браун го „прегазија“ Кливленд со 141:103. Браун постави нов рекорд во НАБ-лигата, тој за само 19 минути успеа да постигне 33 поени.
Шарлот Хорнест забележа победа на Флорида, против Орландо 107:104. Хорнетси последниот период го добија со 33:18. До победата ги предводеше Гордон Хејворд со 39 поени и 9 скока.
Портланд тесно го совладаа Њујорк Никс, 116:113. Најзаслужен за победата беше Демијан Лилард со 39 поени, 5 скока и 8 асистенции.
За издвојување е и улогата што ја имаше Јанис Адетокумбо во победата на Милвоки над Атланта 129:115. Гркот забележа 23 поени, 14 скока и 8 асистенции.
Резултати:
Бостон-Кливленд 141:103
Орландо-Шарлот 104:107
Милвоки-Атланта 129:115
Сан Антонио-Вашинготн 121:101
Портланд-Њујорк 116:113
Спорт
Краузер постави светски рекорд во фрлање ѓуле

Рајан Кразузер постави нов светски рекорд во фрлање ѓуле во сала. На митингот во Фејвил, Краузер го фрли ѓулето на далечина од 22,82 метри.
Рекордот, Краузер го постави во првата серија. Тој за 16 сантиметри го подобри рекордот, кој во 1989 година го постави Ренди Барнс.
Американецот е актуелен светски и олимпписки шампион.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот