Контакт

Спорт

Чао, Донарума – Мањан е нов голман на Милан

Објавено пред

Мајк Мањан, најдобриот голман во Франција, од наредната сезона ќе го носи дресот на Милан. Трансферот на голманот на Лил значи крај за Џанлуиџи Донарума во клубот.

Мањан, заедно со Бурук Јилмаз и Жозе Фонт, е најзаслужниот за титулата што ја освоил Лил оваа сезона во Лига 1. Францускиот репрезентативец на 21 натпревар сезонава не прими гол.

Милан за 26-годишниот голман на Лил ќе му плати 13 милиони евра, уште два милиона францускиот клуб може да добие од одредени бонуси. Мањан во Милан ќе остане до јуни 2026 година. Неговата плата на годишно ниво ќе изнесува 2,8 милиона евра.

Трансферот на Мањан значи дека Донарума ќе го напушти клубот и дека, најверојатно, ќе се пресели во Јувентус.

Договорот на Донарума со Милан истекува за 36 дена. Повеќемесечните преговори што ги водеа луѓето од Милан со менаџерот на голманот пропаднаа поради нереалните финансиски барања. Мино Рајол за својот клиент бара годишна плата од 12 милиони евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Аргентинец ќе им суди на Македонија и Украина

Објавено пред

Натпреварот Македонија-Украна, во четврток, ќе влезе во историјата на европските првенства. Главен судија на овој натпревар ќе биде арбитар од Јужна Америка.

На Македонија и Украина ќе им суди 43-годишниот Аргентинец, Фернандо Андреас Рапалини.

Помошници на Рапалини ќе му бидат сонародниците Хуан Пабло Белати и Диего Бонфа. Чтврти судија ќе биде Словенецот Славко Винчиќ, а главен во ВАР собата ќе биде Шпанецот Алесандро Хернандес Хернандез.

Рапалини доби можност да суди на ЕУРО 2020, као дел од соработката на УЕФА со Конфедерацијата на Јужна Америка.

Во исто време на Копа Америка ќе суди Шпанецот Хесус Хил Манзано.

Македонија и Украина својот натпревар, во четврток, ќе го започнат во 18 часот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Двајца „граѓани“ сакале да се преселат во Барселона

Објавено пред

Барселона, во преодниот рок, донесе двајца играчи од Манчестер сити, но како што пренесувата шпанските медуми, можно е на „Ноу Камп“ да пристигне португалскиот тандем од редовите на англискиот шампион.

„Мундо Депортиво“, тврди, дека Барселона и Манчестер сити ќе разменат фудбалери. Клучен играч во размената треба да биде Усман Дембеле.

Францускиот репрезентативец има договор до крајот наредната сезона. Тој одбил да потпише нов договор, наводно има договор со Јувентус да се пресели во Торино како слободен играч во јуни 2022 година.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Португалците од Манчестер сити, Бернардо Силва и Жоао Кансело имале желба да се преселат во Барселона.

Барселона за нив двајца покрај Дембеле, на Сити им го понудиле и Серхи Роберто, кој сакал повторно да соработува со Пеп Гвардиола.

За да ја завршат успешно оваа операција, челниците на Барселона, во наредните денови ќе имаат состанок со менаџерот на Дембеле, на кого ќе се обидат да му објаснат дека за фудбалерот е најдобро да го напушти клубот во летниот преоден рок.

Барселона, во преодниот рок, како слободни играчи од Манчестер сите го донесе Серхио Агуеро и Ерик Гарсија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Милојевиќ заминува во НБА, ќе работи во Голден стејт Вориорс

Објавено пред

Дејан Милојевиќ, ќе го напушти кошаркарскиот клуб Будуќност, кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата.

Милојевиќ, на почетокот на годината беше именуван во тренер на Будуќност. Тогаш потпиша договор до 2023 година, со клаузула дека може да замине доколку добие ангажман во НБА лигата.

Дејан Милојевиќ од наредната сезона ќе работи во стручниот штаб на Голден стејт Вориорс, како асистент на тренерот Стив Кер.

Овој тим на теренот го предводи еден од најдобрите играчи во НБА, Стеф Кари.

Вориорс се еден од најсилните тимови во лигата, а наредната сезона ќе се обидат да ја нападнат титулата, бидејќи во тимот ќе се врати Клеј Томпсон, кој поради тешка повреда паузираше една година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија2 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет3 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија3 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија3 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет5 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија5 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет6 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет6 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет6 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија20 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет21 час

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет24 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија24 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа1 ден

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија1 ден

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија1 ден

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион1 ден

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија1 ден

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија1 ден

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Досие