Контакт

Спорт

„Чеканите“ ги оставија Шефилд јунајтед заковани на дното

Објавено пред

Вест хем стигна до тешко извојувана, но заслужена 1:0 победа на гостувањето кај Шефилд јунајтед, за да ги остават „блејдс“ на последното место на табелата во Премиер лигата со само еден поен по девет одиграни мечеви.

Човек на одлука беше Французинот Себастиен Алер, кој во 56. минута постигна одличен гол, а „чеканите“ имаа и иницијатива во текот на целиот меч.

Тимот на Дејвид Мојс е на осмото место на табелата со 14 поени, додека Шефилд, кои лани се бореа за пласман во Европа остануваат последни со еден освоен поен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Премиер лигата ќе им помага на пониските лиги со 250 милиони фунти

Објавено пред

Премиер лигата и Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) се согласија на пакет за спас на англискиот фудбал по кризата од Ковид-19, вреден 250 милиони фунти.

Преговорите траеја неколку месеци преку британскиот оддел за култура, медиуми и спорт и сега 24-те клуба од Чемпионшип ќе имаат достапни заеми без камата од 200 милиони фунти. Премиер лигата ќе плати 15 милиони фунти за осигурување на заемот, кој ќе биде ограничен на 8,33 милиони фунти од клуб и ќе мора да се врати до јуни 2024 година.

Лига 1 (третата лига) и Лига 2 (четвртата лига) ќе добијат грант по 30 милиони фунти според односот на загубените пари од приходите од продадените билети во минатите сезони. Секој клуб од третата лига ќе добие по најмалку 375.000 фунти, а четвртолигашите ќе добијат 250.000 фунти. Преостанатите 20 милиони фунти ќе бидат достапни за итни случаи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Грожан се врати на местото на хорор-судирот

Објавено пред

Возачот на Хас Ф1, Роман Грожан, се врати на местото каде што во неделата за малку ќе го загубеше животот во тешкиот судир за време на Бахреин ГП-трката продолжувајќи со рехабилитацијата.

34-годишниот Французин зачудувачки остана со помали повреди по огнениот судир со 200 км/ч во оградата покрај патеката во првиот круг по што заврши во болницата БДФ во Бахреин, каде што помина три дена поради изгорениците на рацете.

Грожан, кој нема да се трка на неделната трка на истата патека, каде што ќе се вози Сакир ГП-трката, се појави со членовите на тимот на Хас на патеката и најави враќање во Ф1 за последната трка од сезоната, Абу Даби ГП-трката на 13 декември.

Прикажи повеќе...

Спорт

Италија-Шпанија и Белгија-Франција во полуфиналето на Лигата на нации

Објавено пред

Италија ќе се „судри“ со моќната Шпанија, додека Белгија ќе го предизвика светскиот шампион Франција во полуфиналињата од Лигата на нации на УЕФА, беше утврдено на денешната ждрепка.

На „Сан Сиро“ во Милано на 6 октомври 2021 година ќе се судрат Италија и Шпанија, додека еден ден подоцна на „Алијанц стадионот“ во Торино ќе играат Белгијците и Французите. Финалето се игра на 10 октомври во Милано.

Ова е второ издание на новото натпреварување на УЕФА за репрезентациите, откако во првото Португалија ja совлада Холандија со 1:0. Четирите нации кои играа во првиот фајнал фор турнир не се квалификуваа за вториот – покрај Холанѓаните и Португалците играа и Англија и Швајцарија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија4 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија4 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на македонскиот народ

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија7 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен7 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ8 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет9 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет9 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија10 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет10 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион10 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ11 час

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа11 час

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет12 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет12 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион12 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа23 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет1 ден

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт1 ден

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија1 ден

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Досие