Спорт
Челси го предупредија Маунт за прекршување на самоизолацијата
Челси го потсетија својот фудбалер Мејсон Маунт и остатокот на фудбалерите за својата одговорност за време на пандемијата на корона вирусот, откако младиот фудбалер беше забележан како игра фудбал во Барнет во неделата заедно со пријателот од детството, фудбалерот на Вест хем, Деклан Рајс.
Фудбалерите и вработените во Челси добија наредба да се во самоизолација 14 дена откако Калам Хадсон-Одои беше позитивен на Ковид-19 на 12 март, препорачувајќи им избегнување на јавни простори и дружење со пријатели.
Се очекува покрај ова јавно предупредување за Маунт, клубот да го казни финансиски младиот фудбалер кој оваа сезона најде место во првиот тим на Френк Лампард.
Mount should be in lockdown after teammate Hudson-Odoi tested positive for #coronavirus ❌ But instead, he played five-a-side with West Ham’s Declan Rice ?♂️
Do you think Mason Mount is being irresponsible, blues? ?♂️?? #cfc pic.twitter.com/zyoq19I2Bs
— STEVENCFC (@StevenRisley2) March 16, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рома преговара околу трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.
Спорт
Манчестер сити подготвува мега трансфер, мета е играч на Баерн
Манчестер сити, во летниот преоден рок ќе се обиде да го нагажира Џамал Мусиала (21), тврди „Гардијан“. Информацијата е пласирана во јавноста откако Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите го исфрли тимот на Пеп Гвардиола, кој нема да може да ја одбрани титулата европски првак од минатата година.
Гвардиола сака дополнителни опции во редот за врска, а главна цел е еден од најголемите таленти во светот. Пред да пристигне во Баерн во 2019 година, Мусиала играше за германски СГ Барокштад Фулда-Ленерц, а потоа и за Саутемптон и Челзи во Англија.
За првиот тим дебитираше во 2020 година и досега има одиграно 161 натпревар, има постигнато 43 гола со 30 асистенции. Досега со Баерн осови 10 трофеи. Иако е роден во Штутгарт, има германско и англиско државјанство. Избра да игра за Германија, во чиј дрес досега одигра 27 натпревари и постигна два гола.
„Трансфермаркт“, веб-страницата која се занимава со проценка на вредноста на фудбалерите, наведува дека Мусиала вреди 110 милиони евра, што го прави еден од најскапите во светот, веднаш зад Фил Фоден и Букаја Сака (130 милиони евра), Винисиус Жуниор (150), Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Џуд Белингем (180).
Сепак, Баерн нема намера да го пушти Мусијала, кој има договор до летото 2026 година.
За потсетување, најскап играч на Манчестер сити е Џек Грилиш, кој во 2021 година пристигна од Астон Вила за 117,5 милиони евра. Богатите арапски сопственици на Сити веројатно би морале да го соборат тој рекорд за Мусиала.
Спорт
Озил: Барселона е виновна што ел класико повеќе не е најголемиот натпревар во светот
Месут Озил, поранешен фудбалер на Реал, во интервју за „Марка“, го коментираше ривалството помеѓу Реал и Барселона.
„Кога играв во Реал, Ел Класико беше најважниот натпревар на светот. За наша жал, игравме против најдобрата Барселона во историјата. Сега вниманието на гледачите е повеќе насочено кон натпреварите како Ливерпул – Сити или други дерби натпревари во Премиер лигата. Ел Класико не предизвикува толкаво внимание, за тоа виновен Реал, туку Барселона, која е во пад“, вели поранешниот германски репрезентативец.
Тој смета дека неговиот поранешен клуб Реал е најблиску до освојување на Лигата на шампионите.
„Натпреварот против Сити беше фантастичен. Англичаните доминираа речиси во текот на целиот натпревар, но Реал играше интелигентно и се бранеше брилијантно. Извикав „Хала Мадрид“, по последниот пенал. Верувам дека Реал ќе ја освои Лигата на шампионите”.
Европско првенство?
„Англија и Франција имаат неверојатни екипи. Не само првите 11, туку и ширината на нивниот ростер е неверојатна. Сепак, на вакви турнири треба да имате и малку среќа. Мислам дека Шпанија, Португалија или Германија исто така би можеле да стигнат до финалето”.
Озил кариерата ја започна во Шалке, од кој по две години замина во Вердер. За Реал играше од 2010 до 2013 година, а потоа мина осум години во Арсенал. Кариерата ја заврши во Турција каде прво настапуваше за Фенербахче, а потоа и за Истанбул Башакшехир.