Спорт
Челси „креваат раце“ од Лукаку – подготвени да го дадат со „попуст“
Челси се подготвени да ја намалат сумата која Интер ќе треба да ја плати за позајмица на нивното рекордно засилување Ромелу Лукаку, тврди порталот „Гол“, откако во англискиот клуб сметаат дека односите со белгискиот напаѓач не можат да се поправат.
Ова доаѓа откако Лукаку, за кого Челси платија 100 милиони фунти, самиот „турка“ за заминување од „Стемфорд Бриџ“ преку својот нов адвокат Себастиен Ледур. Челси бараа 25 милиони евра за позајмицата, но сега се подготвени да се договорат за сума од 12 милиони евра, додека последната понуда на Интер е само 7 милиони евра.
Ситуацијата со Лукаку не се смени ниту со доаѓањето на новите газди, „Клирлејк капитал“ предводени од Тод Бели, и главните луѓе во тимот сметаат дека под водство на Томас Тухел не може да се извлече максимум од Лукаку, а не помогнале ниту обидите да му се „угоди“ на Белгиецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафаел Леао: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао посочува дека сака да „освојува големи работи“ со „росонерите“ на кои е фокусиран во блиската иднина и дека не го привлекуваат високите плати кои ги добиваат фудбалерите во Саудиска Арабија.
24-годишното португалско крило потпиша нов петгодишен договор со клубот во јули и е во добра форма со три гола и две асистенции во првите шест меча во сите натпреварувања, но италијанските медиуми го критикуваа што ги избегнува дефанзивните обврски и го критикуваат тренерот Стефано Пиоли дека цела игра на тимот се врти околу него.
„Верувам дека клубот е на вистински пат, успеавме да стигнеме до полуфиналето на Лигата на шампионите, и сега целта мора да биде да продолжиме да растеме, да носиме засилувања, да бидеме посилни. Сигурен сум дека Милан ќе се врати на титулите од Лигата на шампиони, што е нашата главна цел. За мене, јас сум млад и сакам да освојувам големи работи со Милан. Имам одиграно над 20 меча во Лигата на шампионите, така што имам искуство“, вели Леао во интервју за магазинот „Џи кју“.
Потоа тој зборуваше за својата иднина.
„Никогаш не вели никогаш, но јас сум во клуб кој ме прими многу добро и затоа го обновив договорот, што немаше да го направам ако мислев на заминување. Сакам следните две три години да освојам големи работи со Милан. Не сум подготвен да одам во саудиската лига. Последните денови парите се погласни, но за мене Лигата на шампиони е поважна од плата од 10 милиони евра, на пример“, вели Леао.
Спорт
Лудило во Сплит – Иван Перишиќ доаѓа во Хајдук во јануари!

Навивачите на Хајдук ја остварија својата желба, откако било договорено Иван Перишиќ од јануари да го носи дресот на клубот од Сплит, јавува „Спортске новости“.
Според нивните информации, како дел од преговорите за трансферот на Лука Вушковиќ во Тотенхем, претседателите на двата клуба, Даниел Леви и Лукша Јакобушиќ го договориле и преминувањето на Перишиќ во Хајдук. Бидејќи преодниот рок е завршен, а во исто време Перишиќ има потешка повреда поради која ќе паузира пет месеци, трансферот ќе се изведе во јануарскиот преоден рок.
Претходно, Хајдук го сруши сопствениот рекорд продавајќи го 16-годишниот вундеркинд, Вушковиќ, кој ќе остане во Хајдук додека не наполни 18 гоини.
Спорт
Црвена звезда бара друг судија, навивачите на Партизан ќе го бојкотираат дербито

Партизан и Црвена звезда, во среда треба да го одиграат 171. дерби.
Фудбалскиот клуб Црвена звезда најави дека играчите нема да се појават на стадионот во „Хумска“, доколку Судиската комисија не одреди друг судија. За главен судија на дербиот е делегиран најдобриот српски судија, Срѓан Јовановиќ.
Од Црвена звезда сметаат дека Јовановиќ жестоко ги оштетил пред четири години (22.септември 2019) кога им поништил чист гол во дербито. Чудна одлука на црвено-брлите да бараат изземање на овој судија, бидејќи тој го судеше последното дерби, во април на „Маракана“ натпреварот заврши 0:0.
Инаку, дербито ќе го пропуштат „Гробарите“. Навивачите на Партизан го бојкотираат клубот, не задоволни се од работата на клупските челници. Ќе ги бојкотираат натпреварите на Партизан се додека актуелните ченици не си поднесат оставки.
Foto/Starsport/B92