Спорт
CHERY ЗА МАКЕДОНИЈА: Го одбележуваме Денот на ракометот и навиваме!
Ракомет, добра атмосфера и Chery Auto – совршена комбинација за недела исполнета со спорт, дружење и забава.
На 17 мај од 14:00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“, Гранд Ауто како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија ќе биде дел од „Денот на ракометот“ со своја изложбена зона и актуелни Chery модели.
Посетителите ќе имаат можност одблиску да ги разгледаат возилата на Chery Auto, да се запознаат со новитетите на брендот и да уживаат во спортската атмосфера која традиционално ги обединува љубителите на ракометот.
Покрај ракометниот натпревар и богатата програма, Chery Auto подготви и подароци и изненадувања за посетителите, со цел овој ден да биде уште поинтересен и повозбудлив за сите генерации.
Ги покануваме сите љубители на спортот, ракометот и автомобилите да ни се придружат и заедно да создадеме одлична атмосфера исполнета со енергија, навивање и позитивни моменти.
Во недела се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!
За повеќе информации, следете ги официјалните профили на Chery Auto, Facebook и Instagram
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Катарецот Куки во 95-та минута ја шокира Швајцарија
Катар и Швајцарија одиграа 1:1, во вториот натпревар од Б групата на Светското првенство. Со ист резулта, вчера заврши дуелот меѓу канда и Босна и Херцеговина. Швајцарците во 95-та минута ги шокираше голот на Куки.
Швајцарија, како апсолутен фаворит, разочара со пристапот, пропушташе шанси, а за индолентноста избраниците на селекторот Мурат Јакин беа казнети во претпоследната минута.
Малкумина очекуваа дека, против апсолутниот фаворит, Катар прв ќе се закани, и тоа во втората минута, благодарение на големата грешка на Мануел Аканџи.
Едмилсон Жуниор, од никаде, излезе сосема сам пред Грегор Кобел, кој одлично интервенираше и спречи вистински шок за својот тим уште на самиот почеток.
Од тој момент, европската селекција почна жестоко да напаѓа, а Ден Ендоје промаши три пати пред да биде постигнат водечкиот гол.
Се играше 17-та минута кога Брил Емболо со глава ја испрати топката до Фројлер, кој беше соборен од голманот Абунада, но се чинеше дека е во офсајд.
Сепак, немаше реакција од ВАР собата, беше оценето дека сè е чисто и беше досуден пенал, кој Емболо рутински го реализираше за 1:0.
Не застанаа тука Швајцарците, сакаа да постигнат и втор гол што е можно поскоро, но Абунада на голот на Катар, со неколку извонредни интервенции не дозволи да биде совладан.
Можеше да има пенал на другата страна, Едмилсон Жуниор повторно имаше добра шанса, но повторно беше спречен од Кобел.
Во продолжението, Швајцарија излезе на теренот решена што побрзо да го реши натпреварот, но Катар ги преживеа шансите на Варгас и ударот на Џака.
Времето минуваше, и покрај очигледната квалитативна разлика, на семафорот стоеше 1:0. Тука се вовлече нервоза во играта на Швајцарија.
Иако сакаа, не успеаја да го постигнат вториот гол бидејќи избраниците на Хулен Лопетеги се бранеа навистина добро и организирано.
Дури и Катарците можеа да се заканат во неколку наврати, а најконкретниот удар насочен кон голот на Кобел го упати Алеардин од околу 15 метри, но швајцарскиот голман успеа да одбрани.
Сепак, Катар успеа да ги казни сите нереализирани шанси на Швајцарците. Ал Амин центаршутираше, а Куки со глава ја испрати топката во мрежата за 1:1 и првото големо изненадување на тековното Светско првенство.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Хаос по мечот Олимпијакос-ПАО, Џонс со бокс го удри Нан
Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија титулата во Грција, со победа над Панатинаикос 89:85 во петтиот натпревар од финалната серија.
Сепак, грчката јавност е преокупирана со она што се случи по натпреварот. Хаосот што настана е многу дури и според лудите стандарди на грчката кошарка.
Тирик Џонс го чекаше Кендрик Нан адвор од тунелот што води кон соблекувалната, му се приближи и го удри со тупаница:
Играчите на Панатинаикос се обидоа да дојдат до Џонс, но припадници на Специјалната полициска единица (МАТ) застанаа пред него за да го заштитат. Потоа настана целосен хаос, бидејќи имаше физичка пресметка меѓу кошаркарите на Панатинаикос и полицијата.
„Се чини дека за Полициската управа на Пиреја, приоритет беше да се обезбеди и отстрани Џонс од местото на инцидентот, а она што следеше е тешко да се опише со зборови“, пренесе грчкиот портал „СДНА“.
😳😳😱😱 Kendrick Nunn ile Tyrique Jones arasında çıkan kavga.pic.twitter.com/hyfYpLCGC8
— Hızlı Hücum (@hizlihucum) June 13, 2026
🚨 Tangana final entre Olympiacos y Panathinaikos
😱 Según denunció Ataman, Tyrique Jones se metió en el vestuario del Panathinaikos y le dio un puñetazo a Kendrick Nunn pic.twitter.com/kvDtyPkouF
— Eurohoops España (@EurohoopsES) June 13, 2026
Инаку, тензиите меѓу Џонс и Нан започнаа во третата четвртина. На 3:17 до крајот на периодот, Нан направи фаул врз Везенков, а Џон потоа го фати за врат играчот на панатинаикос.
Судиите реагураа, му доделија техничка на Нан, за кого тоа петти фаул, а Џонс беше исклучен бидејќи доби техничка и неспортска лична грешка.
Tempers are flaring overseas 😳
Tyrique Jones tried to choke Kendrick Nunn on the court, then later went into the locker room and punched him, causing an injury 😳
(Via @Eurohoopsnet ) pic.twitter.com/VQdWXl3BF1
— NBACentral (@TheDunkCentral) June 13, 2026
Спорт
Расел на пол-позицијата во Барселона, Леклер заврши во заштитната ограда
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Шпанија, која се вози на патеката „Каталуња“.
Британецот стигна до најдобрата стартна позиција со одличен круг од 1:14.679 минути, со 64 илјадити делови предност пред Луис Хамилтон во Ферари. Седумкратниот првак, прв пат ќе стартува од првиот ред како возач на Ферари.
Најблиску до најбрзите двајца беше лидерот во генералниот пласман Андреа Кими Антонели, кој беше три десетинки од секундата зад тимскиот колега Расел.
Квалификациите беа обележани и со прекин во последниот дел предизвикан од возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Возачот од Монте Карло ја изгуби контролата врз задниот дел од автомобилот, се обиде да ја исправи грешката, но тоа предизвика да се изврти и да удри во заштитната ограда. Затоа, Леклер ќе стартува од 10-та позиција.
До Антонели, трката ќе ја започне бранителот на титулата, Ландо Норис, а зад него е Макс Ферстапен на Ред Бул. Во Топ 10 се и Исак Хаџар (Ред Бул), Оскар Пјастри (Мекларен), Лијам Лосон (Рејсинг Булс), Нико Хулкенберг (Ауди) и Шарл Леклер (Ферари).
Трката за Големата награда на Шпанија, утре ќе започне во 15 часот.
Foto/ EPA
