Спорт
Чилвел ќе паузира шест недели

Бен Чилвел, поради повреда, ќе отсуствува најмалку шест недели. Левиот бек на Челси се повреди во вторникот, против Јувентус, во Лигата на шампионите.
„Откако ќе минат тие шест недели ќе знаеме дали ќе може да игра или ќе треба да се оперира“, изјави менаџерот на Челси, Томас Тухел.
Чилвел се повреди по еден дуел со Адрејен Рабио.
Поранешниот играч на Лестер на последните пет натпревари за Челси постигна четири гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алкараз го „збриша“ Циципас и закажа супер-полуфинале против Ѓоковиќ

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз го закажа „финалето пред финале“ на Ролан Гарос, откако го збриша збунетиот Стефанос Циципас за пласман во полуфиналето, каде ќе се судри со Новак Ѓоковиќ, освојувачот на рекордни 22 гренд слем титули, кој денеска покажа дека е подготвен за борба со победата над Карен Хачанов.
Во неверојатно едностран меч, петтиот носител Циципас својата прва брејк-топка ја имашее во финишот на последниот сет, за да покаже отпор кога беше веќе предоцна и на крајот за од два часа да загуби со 6:2/6:1/7:6(5).
Алкараз, кој се промовираше во единствен достоен наследник на големата тројка Ѓоковиќ-Рафа Надал-Роџер Федерер, има позитивен скор против Ѓоковиќ, откако го победи во единствениот меѓусебен меч, минатата година на Мастерсот во Мадрид, исто така на земјена подлога по тешка битка во три сета.
Во другиот дел на ждрепката, утре во преостанатите две четврт-финалиња се среќаваат старите „непријатели“, Холгер Руне и Каспер Руд, односно повратникот на турнејата, Александер Зверев и аргентинското изненадување, Томас Мартин Ечевери.
Спорт
Партизан ја доби „мајсторката“ со Цедевита Олимпија, ќе има ли финале против Звезда?

Партизан стигна до убедлива 90:71 (24:16, 17:14, 24:23, 25:18) победа над Цедевита Олимпија во третеиот меч од полуфиналето на АБА-лигата за да се пласираат во големото финале, каде што противник треба да им биде вечниот ривал, Црвена звезда.
Звезда официјално се побуни поради распоредот на плејофот во АБА-лигата, поради поклопувањето на плејофот во Српската Суперлига, каде што Партизан не учествува поради „административна грешка“, односно задоцнето пријавување. Првиот меч од финалето е закажан за 12 јуни, со Партизан како домаќин.
Против Цедевита Олимпија, Партизан започна фантастично со шест обиди без промашување (три за два и три за три поени), за 24:16 предност по првата четвртина. „Змаевите“ се вратија за 29:29, но потоа со нова убедлива серија, „црно-белите“ стигнаа до голема победа. Зек Ледеј имаше 17 поени, Џејмс Нанели додаде 12.
Спорт
Ал-Итихад го потврди милионскиот договор за Карим Бензема

„Револуцијата“ во фудбалот во Саудиска Арабија продолжува, откако Ал-Итихад го потврди трансферот на Карим Бензема, кој денеска по 14 години се прости со Реал Мадрид за да го потпише, според повеќе извори, најбогатиот договор во историјата на фудбалот.
Бензема го следи патот на својот поранешен соиграч, Кристијано Роналдо, кој одигра половина сезона во Ал-Наср со променлив успех, но исто така со огромен договор. Според „Мундо депортиво“, Французинот ќе добив неверојатни 100 милиони евра за една сезона, и тоа е сума на која нема да мора да плати данок, за разлика од платите кои фудбалските ѕвезди ги добиваат во Европа.
Саудиските клубови не застануваат тука, со планот да се донесе Лео Меси во Ал-Хилал, иако ова може да го „расипе“ Барселона со најавите за „романтично“ враќање, а денеска се шпекулираше дека понуди имаат и Лука Модриќ, Н’Голо Канте и повеќе други фудбалски ѕвезди.
Бензема одигра 647 меча за Реал во кои постигна 354 гола.
Benzema is here 🤩✍️
A new tiger will roar 🐅
Welcome to Ittihad!#Benzema2Ittihad#here2inspireKSA pic.twitter.com/I3GEm90fRB— Ittihad Club (@ittihad_en) June 6, 2023