Спорт
Циципас е мајсторот во Монте Карло, стави крај на серијата на Давидович Фокина

Стефанос Циципас ја одбрани својата титула од Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, откако по лута битка во вториот сет со 6:3/7:6(3) го совлада сензационалниот Шпанец, Алехандро Давидович Фокина за да најави дека ќе биде сериозен кандидат за титулата на Ролан Гарос.
Давидович Фокина, кој на турнирот го елиминираше првиот фаворит, светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ во второто коло, имаше одличен старт на мечот, правејќи брејк за 2:1 водство, но Циципас веднаш врати со рибрејк, за во седмиот сет да направи уште еден брејк за да го освои првиот сет. Вториот сет беше епски, во кој двајцата тенисери направија по два брејка, по час и 6 минути игра, пред грчкиот тенисер да биде посмирен во финишот и да го реши мечот во тај-брејк.
За петторангираниот Циципас оваа е осма титула во кариерата и втора Мастерс 1000 титула, а минатата година во своето прво гренд слем финале загуби од Новак Ѓоковиќ во Париз. За 22-годишниот Давидович Фокина, пак, ова беше најдобра недела во неговата кариера и ова беше негово прво АТП финале.
STEF AT THE DOUBLE 🏆🏆
The moment @steftsitsipas went BACK-TO-BACK in Monte-Carlo!#RolexMCMasters pic.twitter.com/Nux2meJBj8
— Tennis TV (@TennisTV) April 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Винисисус – Реал води против Ливерпул
Реал, од првата вистинска акција, го отвори резултатот во 66.финале во Лигата на шампионите.
Во 59.минута Винисусис жуниор го совлада сонародникот Алисон. Добра акција креираше Валверде по десната страна, се реши на удар кон голот, кој беше непрецизен, но на топајта налета Винисусис кој топката ја спроведе во мрежата.
Бразилецот го постигна четвртиот гол сезонава во Лигата на шампионите.
Спорт
Полицијата со солзавец против навивачите на Ливерпул: Братот на Матип и бремената сопруга се засолниле во блискиот ресторан ресторан

Скандал пред финалето на Лигата на шампионите. Незапаметен. Почетокот на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал, во борбата за статусот европски првак, доцнеше 36 минути. Причина е инцидентот пред стадионот во кој учествуваа навивачите на Ливерпул и полицијата.
Хаосот настанал кога, според неофицијални информации, неколку илјади навивачи на Ливерпул без карти, ја прескокнале високата ограда и влегле на западната трибина. Поради тоа голем број навивачи со билети не можеа да влезат на стадионот.
— Stan Collymore ❤️🖤 (@StanCollymore) May 28, 2022
Полицијата и редарите употребија солазавец. Меѓу оние кои поминаа низ најлошото бил братот на дефанзивецот на Ливерпул, Џоел Матип, Марвин.
A quarter-hour after scheduled KO, people were still climbing perimeter fences at the Stade de France. This attempt caused police to use tear gas on the area. #UCLfinal pic.twitter.com/GpJkvpToSS
— Raj (@RajSM8) May 28, 2022
Имал билет за трибините во Сен Дени, но не успеал да влезе. Поради солзавецот Марвин Матип и неговото семејство морале да побегнат од местото на настанот. Се засолниле во блискиот ресторан. Германскиот огранок на Скај спорт уверува дека сопругата на Марвин е бремена и дека меѓу другото било многу тензично пред Сен Дени.
Liverpool fans storming the stadium. Just give Madrid the trophy it’s unfair pic.twitter.com/VfBsVBSdM9
— Ziyad⚡️🇲🇦 (@mcfcziyad) May 28, 2022
Спорт
Борба за трофејот и за голема парична награда

Реал Мадрид и Ливерпул вечерва ќе се борат не само за титулата во Лигата на шампионите, туку и за голема парична награда.
Според многумина, двете најдобри екипи во светот се среќаваат на финалето во Париз од 21.15 часот. Мадриѓаните одат по рекорден 14. трофеј, Ливерпул по седмиот. Според обложувалниците фаворит е тимот на Јирген Клоп.
Освојувачот на трофејот ќе слави со денови, а посебен мотив се парите што ќе ги добие за победата.
Победникот од овогодинешната ЛШ ќе добие 22,6 милиони евра. Клубот кој ќе биде поразен ќе добие 17,5 милиони евра. Покрај тоа, Ливерпул ќе добие 24,4 милиони за рангирањето на УЕФА и 18,4 милиони за телевизиските права по финалето. Во случајот со Реал тие суми се 35,5 милиони односно 13,2 милиони.
Вреди да се додаде дека и двете екипи во овогодинешната ЛШ веќе заработија вкупно околу 180 милиони евра за спортските достигнувања.
Англичаните сезонава заработија 91,44 милиони евра, а Реал Мадрид 88,27 милиони евра. По финалето овие суми ќе се зголемат уште повеќе.
Во случај на победа на Ливерпул нивната вкупна заработка ќе изнесува 139,34 милиони евра, а кај Реал 142,07 милиони евра.
УЕФА издвои вкупно две милијарди евра за бонуси, кои се делат на сите учесници, но секако најмногу за оние кои стигнаа до самиот крај.