Спорт
Циципас направи фото-робот на идеалниот тенисер

Стефанос Циципас, петтиот играч во светот, создаде фото-робот на според него идеалниот тенисер.
Гркот најмногу елементи зеде од Новак Ѓоковиќ. Циципас смета дека Ѓоковиќ има најдобар бекхенд и најдобар ритерн.
Сервер од сништата е Џон Иснер, Дел Потро има најдобар форхенд, а Диего Шварцман има најдобро движење. Идеалниот тенисер, според Циципас, би требало да ја има менталната сила на Рафаел Надал.
Интересно е што Гркот смета дека ниту еден од играчите нема совршен волеј, па не избра ниту еден тенисер во овој сегмент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Граѓаните“ го претставија Гомес

Фудбалскиот клуб Манчестер сити го претстави новиот лев бек, Шпанецот Серхио Гомес.
Минатата сезона овој 21-годишен фудбалер одигра 49 натпревари за белгискиот великан Андерлехт. Во кариерата играл за сите младински селекции на шпанската репрезентација.
Гомес кариерата ја почна во помладите категории на Барселона, а потоа се пресели во Борусија Дортмунд, од каде замина на позајмица во Уеска, за целосно да се наметне во Белгија, каде што работеше со поранешниот капитен на „граѓаните“ Венсан Компани.
„Многу сум среќен и горд што дојдов во Манчестер сити. Сити е најдобриот тим во Англија и со Пеп Гвардиола имам можност да учам и да се развивам под водство на најдобриот тренер во светот“, изјави Гомес
Медиумите објавија дека Сити на Андерлехт ќе му плати околу 15.000.000 евра.
We are delighted to announce the signing of @sergiogm_10 on a four-year deal ✍️
Read more ⤵️
— Manchester City (@ManCity) August 16, 2022
Спорт
РФМ ќе ги награди кадетите со 700.000 денари

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе ги награди кадетите за освоеното прво место на шампионатот во Летонија.
Кадетите, пред два дена, во финалето ја победија Швајцарија со 24:22, го освоија првото мести и изборија пласман на Светското првенство наредната година и Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година.
Кадетите и стручниот штаб, во вторникот, ги пречека првиот човек на РФМ Живко Мукаетов.
Претседателот на РФМ изјави дека ќе побара од Управниот одбор кадетите да поделат премија од 700.000 денари.
Фото/macedoniahandball.com.mk/
Спорт
Роналдо добил дозвола да го напушти Јунајтед

Манчестер јунајтед му дал дозвола на Кристијано Роналдо да си замине, пренесува talkSPORT, повикувајќи се на извори блиски до клубот . Португалецот пред еден месец побара дозвола да го напушти клубот, бидејќи Јунајтед сезонава нема да играат во Лигата на шампионите.
Незадоволен што клубот не одговори позитивно на неговото барање, тој ги пропушти практично сите подготовки и се приклучи на тимот само една недела пред почетокот на сезоната.
Во текот на целото лето се зборуваше за различни опции на кои размислува Кристијано Роналдо, се споменуваше враќање во Шпанија, па дури и во Спортинг, а пред само два дена се пишуваше дека го одбиле и двата клуба од Милано, Интер и Милан.
Незадоволството секако е големо во целиот тим на Манчестер јунајтед, се навестуваше дека цел тим сака Роналдо да си замине, а како што пишуваа британските медиуми во вторникот, клубот конечно му дал дозвола да си замине.
Прашањето е само каде може да оди и дали воопшто ќе замине.