Спорт
ЦИЕС го процени Елмас на 70.000.000 евра – Македонецот е меѓу најскапите млади играчи од средниот ред
Институтот за фудбалска историја и статистика (ЦИЕС) ја објави листата на најскапите фудбалери кои не се постари од 23 години. На листата високо котира македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
ЦИЕС го процени Елмас на 70.000.000 евра. На неговата позиција, централен играч во редот за врска, поголема вредност има само Џад Белингем од Борусија Дортмунд (120.000.000 евра), додека иста вредност како Елмас имаат Куртис Џонс од Ливерпул и Деклан Рајс од Вест Хем.
Меѓу најскапите десетмина зад овие четворица се Едуардо Камавинга од Реа (50.000.000 евра), Сандро Тонали од Милан и Ауррелиен Чуамени од Монако (двајцата по 40.000.000 евра), односно Конор Галахер од Кристал палас и Пепе Матар Сар од Мец кои се проценети на 30.000.000 евра.
Според ЦИЕС, најскапиот тим од играчи до 23 години изгледа вака.
Донамура (ПСЖ, 80.000.000 евра) – Дест (Барселона, 100.000.000 евра) ), Гаврдиол (Лајпциг, 80.000.000 евра), Гарсија (Барселона, 80.000.000 евра), Алфонсо Дејвис (Баерн, 140.000.000 евра) – Џонс (Ливерпул, 70.000.000 евра), Белингем (Дортмунд, 120.000.000 евра), Вирц (Леверкузен, 140.000.000 евра) – Винисиус (Реал, 150.000.000 евра), Гринвуд (манчестер јунајтед (140.000.000 евра), Халанд (Дортмунд, 150.000.000 евра).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.