Спорт
„Црвените ѓаволи“ поставија нов рекорд во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и против Астон вила ја продолжија серијата на успешни резултати. „Црвените ѓаволи“ имаат низа од 17 натпревари без пораз, на 12 од нив не примиле гол.
Со победата од 3:0 во дуелот со Астон вила, екипата на Оле Гунар Солскјер постави нов рекорд во Премиер лигата. Дуелот во Бирмингем беше четвртиот по ред што Јунајтед го доби со најмалку три гола разлика.
Manchester United becomes the first team in Premier League history to win four consecutive matches by a margin of 3+ goals:
3-0 vs. Sheffield United
3-0 vs. Brighton
5-2 vs. Bournemouth
3-0 vs. Aston VillaA record setting feat for Ole .
— NerdzSoccer (@klau_khan) July 9, 2020
Сепак, прашање е како ќе се одвиваа работите доколку во 29. минута не добиеше подарок во вид на пенал. Дуелот на Конса и Бруно Фернандеш, во кој играчот на Јунајтед згазна на ногата на противникот, за судијата беше доволно да досуди пенал.
И покрај анализите дека Фернандеш бил играчот што направил прекршок, тренерот Солскјер смета дека одлуката на судијата била исправна, а својот фудбалер го споредил со легендите на светскиот фудбал.
„Доколку стартуваш врз мене, а јас во тој момент скокнам и слетам на твојата нога, мислам дека фаулот е за мене. Фернандеш направи пируета во стилот на Зидан или Марадона, слета врз противникот, мислам дека беше пенал“, рекол Солскјер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тимот на деценијата според ИФФХС

Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го избра тимот на деценијата.
Според одиграните натпревари, постигнатите голови, освоените трофеи…во тимот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика нема никакви изненадувања.
Во формација 4-3-3 голман е Мануел Ноер, во одбраната се Филип Лам, Серхио Рамос, Вирџил ван Дајк и Марсело, во редот за врска покрај Тони Крос и Лука Модриќ е и Андрес Иниеста.
Нападот го предводат Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роберт Левандовски.
Овој тим од клупата би го предводел Диего Симеоне кого Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика пред две недели го избра за тренер на деценијата.
Спорт
Мијовиќ повеќе не е тренер на КК „Будуќност“

Петар Мијовиќ повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб „Будуќност“ од Подгорица. Младиот стратег поднесе оставка, по поразот од Виртус во Болоња, во рамките на Еврокупот. Поразот од Виртус беше трет во низа за Будуќност, по двата порази, од Цедевита Олимпија во АБА лигата и Еврокупот.
Мијовиќ сметал дека неговата оставка е најдобро решение за клубот да се врати на победничкиот колосек.
Будуќност во АБА-лигата има скор од 11 победи и три порази, додека во Топ 8 фазата во Еврокупот има победа и два порази.
Оставката на тренерот ја потврди и клубот на официјалната страница.
Мијовиќ во „Будуќност“ беше тренер од 2017 година, најпрвин како предводник на младинскиот тим, а потоа и како тренер на првата екипа. Евролигата го прогласи за еден од десетте најдобри млади тренери во Европа.
Спорт
Јунајтед од Шефилд му приреди „кошмар“ на Јунајтед од Манчестер

Манчестер јунајтед доживеа шокантен 1:2 пораз на „Олд Трафорд“ од тимот на Шефилд јунајтед, убедливо последнопласираниот клуб во Премиер лигата и клуб кој цела сезона има остварено само уште една!
Со овој резултат, Јунајтед не успеа да се врати на првото место на табелата и сега заостанува еден поен зад Манчестер сити, кои дополнително имаат и уште еден натпревар помалку.
Кин Бурк во 23. минута успеа да го совлада Давид де Хеа за шокантно водство на „блејдс“, по што следуваше иницијатива на Јунајтед, која дури во 64. минута резултираше со израмнување преку капитенот Хери Мегвајр. Само десет минути подоцна, повторно „студен туш“ за „ѓаволите“, Оливер Бурк упати удар, кој од ногата на Туанзебе заврши зад грбот на Де Хеа.
На „Гудисон парк“ пак, Хамес Родригез постигна прекрасен гол, но тој не беше доволен за победа на Евертон над Лестер, откако Јан Тилеманс во второто полувреме израмни и спречи „карамелите“ да избијат пред Ливерпул на табелата.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 20.КОЛО
Брајтон – Фулам 0:0
Евертон – Лестер 1:1
Манчестер јунајтед – Шефилд јунајтед 1:2
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома