Спорт
Дали Реал и Барса влегуваат во војна за Нејмар?
Минатото лето преодниот рок помина во знакот на Кристијано Роналдо и неговото заминување во Јувентус, но, по сè изгледа, ова лето ќе биде во знакот на Нејмар.
Последните неколку денови многу се шпекулира за иднината на Бразилецот откако тој наводно им порачал на првите луѓе на Пари Сен-Жермен дека сака да се врати дома во Барселона, а во исто време претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, изјави дека кој не сака да игра во клубот, може да си замине.
Но, каде е Барселона, тука е и Реал Мадрид и според весникот „Мундо депортиво“, Флорентино Перез има намера да се бори за потписот на Бразилецот и веќе ја пратил првата понуда во Франција.
Нејмар, чиј трансфер од 222 милиона евра од 2017 останува светски рекорд, би пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 130 милиони евра, а во исто време Реал би го пратил Герет Бејл или Хамес Родригез во Франција.
„Марка“, пак, вели дека и во Барселона се прават процени за тоа колку би ги чинел Нејмар кога вчера францускиот весник „Ле Паризиен“ тврдеше дека ПСЖ го процениле фудбалерот на астрономски 300 милиони евра, сума што тешко ќе се постигне. Според мадридскиот весник, претседателот Жосеп Марија Бартомеу би понудил 100 милиони евра плус двајца фудбалери по избор на ПСЖ од достапните Филипе Кутињо, Усман Дембеле, Иван Ракитиќ и Самуел Умтити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.