Спорт
Дали Роналдо ќе биде подготвен за Светското првенство?
Легендарниот португалски ас Кристијано Роналдо, според британските медиуми, би можел да го пропушти Светското првенство во 2026 година по повредата здобиена за време на викендот.
Напаѓачот на Ал Наср се повреди на натпреварот од Саудиската професионална лига против Ал Фајха, кој неговиот тим го доби со 3:1. Роналдо го напушти теренот во 81-та минута, откако сигнализираше на клупата дека има проблем со мускулите.
Пред да го напушти теренот, португалскиот ветеран промаши пенал при резултат 0:0.
Тренерот на Ал Наср, Жорж Жезус, потврди по натпреварот дека Роналдо ќе биде подложен на итни медицински прегледи.
„Роналдо почувствува мускулен замор, а медицинскиот тим веднаш ќе ги изврши потребните тестови за да ја утврди неговата состојба“, рече Жезус.
Според весникот „Сан“, се зголемуваат стравувањата дека посериозна повреда би можела да го загрози настапот на Роналдо на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Роналдо (41) сака да влезе во историјата и да стане првиот фудбалер што ќе игра на шест Светски првенства. Тој играл на секое Светско првенство од 2006 година и е во елитно друштво со пет настапи, меѓу кои се Лионел Меси, Лотар Матеус, Антонио Карбахал, Андрес Гвардадо и Рафаел Маркез.
Доколку се опорави на време, Португалија ќе го игра првиот натпревар на турнирот на 17 јуни против победникот од плејофот во кој учествуваат Нова Каледонија, Јамајка и ДР Конго. Во групната фаза ги очекуваат дуелите против Узбекистан и Колумбија.
Foto/ depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Трамп на пријемот на фудбалерите на Интер се фалеше како го уништува Иран
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, очекувано, ги искористи фудбалерите (овој пат Интер од Мајами, последен пат Јувентус) како декор за својата пропаганда за надворешна политика.
Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легенди како Лионел Меси, Луис Суарез, Хавиер Маскерано, присуствуваа на прием во Белата куќа во петокот.
Откако, Трамп доби дрес на Интер со бројот 47 (симболизира дека Тамп е 47-от претседател на САД), кажа неколку зборови за фудбалот и како му се восхитува на Лео Меси, американскиот претседател, стоејќи пред играчите кои се шампиони на земјата што ја води, одржа говор за „тотално уништување на иранските сили“.
Првиот човек на Америка ги покани играчите на Интер како гости, се одржа церемонија каде што требаше да ја прослават првата титула од основањето на клубот. Всушност, шампионите убаво му послужија како декор.
„Американската војска, заедно со нашите прекрасни израелски партнери, продолжува целосно да го уништува непријателот, побрзо од очекуваното и на ниво што никој досега не го видел.
Секој час уништуваме сè повеќе ирански ракети и беспилотни летала, онеспособувајќи ги на начини за кои никој не веруваше дека се можни.
Штом ќе испукаат ракета, во рок од четири минути, нашите сили го уништуваат фрлачот. Тие дури и не знаат што ги погодило. Имаме најсилна армија во светот, а нивната морнарица е исчезната – 24 бродови за три дена. Тоа се многу бродови“, се пофали човекот кој очајно сака да ја освои Нобеловата награда за мир.
Додека Трамп го држеше говорот, очигледно беше дека на фудбалерите не им е пријатно.
Тој презентираше низа оправдувања за воената „кампања“ со кодно име „Епски бес“ во која, како што тврди нападнатата страна, досега се убиени 1.200 Американци.
„Навистина немавме избор. Да не ги удревме, ќе нè удреа. Тие се луди. Им ја расипавме забавата“, рече првиот човек на Америка, додавајќи дека сега Иранците се јавуваат и бараат договор:
„Им кажав дека малку доцнат и сега сакаме да се бориме повеќе отколку што сакаат тие“.
Откако во својот говор ја спомна и Куба, најде време да им се обрати на фудбалерите. Се пофали дека е единствениот претседател на САД кој успеал да го донесе Лионел Меси во Белата куќа.
Меси го доби Орденот на слободата од Џо Бајден минатата година, но не се појави на церемонијата. „Исклучително ми е чест да кажам дека ниту еден американски претседател претходно не ја имал оваа можност. Го поздравувам Лионел Меси во Белата куќа“, рече Трамп и продолжи.
„Синот ме праша – Тато, дали знаеш кој доаѓа денес? Му одговорив дека не знам, дека имам многу работа. Тој вели – Меси. А јас велам – Навистина? Тој е твој голем обожавател. Мисли дека си едноставно одлична личност.
„Мислам дека вие двајца веќе се запознавте. Тој е голем обожавател на фудбалот, но и твој голем фан и на еден господин по име Роналдо. Го имаме и Кристијано, тој е одличен. Чест ни е нам и на сите во Белата куќа да ве почестиме денес“, рече Трамп.
Спорт
Пјастри најбрз на првиот ден од новата сезона
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, на врвот, го заврши првиот ден од акцијата за Големата награда на Австралија, со која започнува новата сезона и новата ера на Формула 1.
Австралиецот го забележа најбрзиот круг на патеката „Алберт Парк“ со време од 1:29.729 минути, со предност од 214 илјадити делови од секундата пред Андреа Кими Антонели во Мерцедес. Најблиску до нив двајца беше тимскиот колега на Антонели, Џорџ Расел, кој беше 32 стотинки зад Пјастри, а само една илјадитина пред Луис Хамилтон во Ферари.
Првиот ден од новата сезона помина како знак дека сите тимови практично ја искористија секоја минута за време на тренингот, бидејќи немаше ниту еден момент кога голем број возачи не беа на патеката.
Резултатите на двата тренинга беа сосема различни, што само го отежнува правењето какви било предвидувања пред да продолжи акцијата, но како што се очекуваше, возачите на Мекларен, Мерцедес и Ферари беа пред сите, заедно со Макс Ферстапен во автомобилот на Ред Бул.
Имаше и грешки, Ферстапен имаше некарактеристично излетување надвор од патеката, Шарл Леклер и Хамилтон исто така направија грешки, но без поголеми последици.
Акцијата на „Алберт Парк“ во Мелбурн продолжува, во сабота, со третиот слободен тренинг од 2:30 часот, додека квалификациите за пол-позицијата ќе започнат во 6 часот.
Foto/ EPA