Контакт

Спорт

Де Брујне: Не можам да го надоместам заминувањето на Силва

Објавено пред

Кевин Де Брујне по триумфот над Вулверхемптон (3:1) говорел за својот поранешен соиграч Давид Силва. Шпанецот една деценија го носеше дресот на Манчестер сити, од оваа сезона тој игра за Реал Сосиедад.

Со заминувањето на Силва Белгиецот остана единствен вистински креативец во редот за врска на Манчестер сити. Тој вели дека клубот тешко може да го надомести заминувањето на Силва.

„Давид Силва е фантастичен фудбалер, тој беше најзначајниот играч во тимот. Јас не можам да го надоместам она што го правеше тој за овој тим. Ќе биде тешко да се надомести неговото заминување. Беше важен играч на теренот и надвор од него“, рекол Белгиецот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Волчицата“ петпати ги гризна пулените на Инзаги

Објавено пред

Иако во 55 минута израмнија на 2-2 на „Олимпико“ во Рим, фудбалерите на Беневенто на чело со голгетерската италијанска легенда – Пипо Инзаги си одат со „петарда“ во мрежата. Рома предмалку со 5-2 славеше над новиот прволигаш, иако мечот не наговестуваше такво сценарио.

Беневенто го отвори резултатот, 0-1 со голот на Капрари во 5 минута.

„Волчицата“ се разбуди па најпрво Педро во 31 минута израмнува, а потоа Џеко во 35-та прави комплетен пресврт. До полувремето Рома постигна уште еден погодок преку Мхатаријан, но поради офсајд погодокот беше поништен.

Во вториот дел повторно гостино зема замав. Досуден беше пенал за Беневенто. Лападула не реализираше, но во продолжение на акцијата погоди за 2-2.

Оттука на теренот постоеше само еден тим – Рома.

Во 67 минута пенал за домаќинот, сигурен реализатор Верету.

Џеко со својот втор погодок во 78 носи предност од 4-2, а точка на мечот стави Перес во 89 минута. Босанецот изби сам на четвртото место на вечната листа на стрелци на Рома.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гризман е ужасен во Барса, не може да го погоди голот

Објавено пред

По долга и мачна „сапуница“ минатата година Антоан Гризман од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра прејде во редовите на Барселона. Управата на Каталонскиот клуб сметаше дека тандемот Меси-Гризман ќе гази се пред себе, но до сега тоа не е случај.

Зад Барселона е една од најлошите сезони во клупската историја, а Французинот се покажа како тотално промашување. Гризман со Франција и Гризман во Барселона – како да не е ист човек.

Во првите 4 кола од Ла Лига се истакна со промашувањата, а не постигна ниту еден гол.

Во првите 3 кола Куман го користеше како десно крило, а синоќа против Хетафе го стави во средината на нападот. Ниту тоа не помогна.

Статистиката вели дека Гризман од 28 последни шута кон противнички гол, дури 26 топки поминале покрај голот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рубљев е новиот „цар“ на Санкт Петербург

Објавено пред

Рускиот тенисер Андреј Рубљев (22) го совлада Борна Чориќ со 7-6 и 6-4 во финалето на турнирот од Серија 500 во Санкт Петербург и на тој начин го освои својот четврти трофеј сезонава, по оние во Доха, Аделаида и Хамбург.

Првиот сет помина во тактичко надмудрување, немаше брејкови, па се стигна до тај-брејк. Тука Чориќ имаше убава предност од 5-2, но со неколку грешки во низа му дозволи на противникот враќање во игра и пресврт за 1-0 во сетови.

Во вториот сет беше нерешено до 2-2, тогаш Русинот направи брејк за 3-2, а потоа следуваше рутинирана завршница.

За Рубљев ова е шести трофеј во кариерата, а за Хрватот ова е петто загубено финале. Досега има само 2 освоени тениски трофеи.

Рускиот тенисер утре ќе биде осми на АТП листата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа11 час

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа12 часа

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион13 часа

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Свет14 часа

Бројот на заболени во светот надмина 40 милиони

Бројот на заразни лица со Ковид-19 во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, според податоците на веб-страницата Worldometer. Бројот на...

Македонија15 часа

Аеродром, Центар и Карпош се општини со најголем број заболени од Ковид-19

Аеродром, Центар и Карпош се скопски општини со најголем број на заболени од Ковид-19. Според најновите податоци од Министерствоот за...

Македонија16 часа

Починаа 10 лица со Ковид-19, 428 новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на...

Македонија16 часа

(Видео) Ангеловски: За три недели изречени над 12.000 казни за сообраќајни прекршоци

МВР покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени сообраќајни контроли и во другите градови, меѓу кои и Кичево,...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Бигорскиот манастир надживеал империи и држави, денеска го започнува своето второ илјадалетие

Денешниов свечен ден е прекраток, за да ги опише, барем, главните настани од илјадагодишната историја на манастирот „Свети Јован Бигорски“,...

Регион19 часа

Во Словенија највисок процент на заразени според бројот на направени тестови

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 726 нови инфекции со коронавирус на 3.765 тестови, објави словенечката влада, што...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Aприл 2021 е месецот за спроведување на пописот

Пописот ќе се одржи во април 2021 по сите правила на Еуростат, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи, каде...

Европа22 часа

Плантажа со марихуана на три ката и со вредност од милион фунти пронајдена во Англија

Во објект на поранешен ноќен клуб во Ковентри, полицијата открила плантажа со марихуана на три ката, за која се проценува...

Европа1 ден

Словачка во следните два викенда ќе им направи ковид-тестови на сите граѓани постари од 10 години

Словачка на коронавирус планира да ги тестира сите свои жители на возраст над десет години, објави словачкиот премиер Игор Матовиќ...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Соседите мора да бидат свесни дека ќе имаме заеднички успех или заеднички дебакл

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров на денешната прес-конференција по повод мандатното писмо за мисијата и задачите на Секретаријатот...

Македонија2 дена

(Видео) Се обединува опозицискиот фронт, ФРОДЕМ преминува во ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека уште една десничарска проопозициска структура во Македонија се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ, а тоа...

Европа2 дена

Меркел со апел до Германците: Ве молам, останете дома

Германската канлецарка Ангела Меркел апелираше до Германците поради коронавирусот да ги редуцираат средбите со други луѓе и да не патуваат...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Регионот се соочува со предизвици, потребна е јасна перспектива во НАТО и ЕУ

„Нашата Армија и досега, посредно, учествуваше во мисијата „КФОР“ преку обезбедување на логистичка поддршка за НАТО преку координативниот центар за...

Македонија2 дена

Инспекторите и полицијата на терен, со отстрануваат дивата населба и отпадот под Железничка

Со заедничка акција во која учествуваат екипи на Инспекторатот на Град Скопје, Центарот за социјални работи на град Скопје, Министерството...

Економија2 дена

Трифун Костовски: Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината

„Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината. Задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за...

Свет2 дена

Бајден негативен на Kовид-19

Кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден е негативен на Ковид-19, објави  неговиот изборен штаб. „Потпретседателот Бајден беше...

Македонија2 дена

БГНЕС: Скопје го испраќа Георгиевски во разјаснувачка мисија во Бугарија

Поранешниот македонски премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во наредните денови ќе пристигне во Бугарија за да помогне во...

Досие