Спорт
Де Хеа и Погба нема да играат против Ливерпул

Пол Погба и Давид де Хеа нема да можат да настапат за Манчестер јунајтед во големото дерби против Ливерпул на „Олд Трафорд“, додавајќи дополнителни главоболки на Оле Гунар Солскјер со повредените играчи.
Јунајтед ги пречекуваат Ливерпул во недела попладне, во обид да го прекинат стоотстотниот старт на „црвените“ по осум меча во Премиер лигата, но според „Скај спортс“ меѓу достапните фудбалери нема да бидат двете најголеми ѕвезди Погба и Де Хеа.
Де Хеа се повреди вчера на мечот помеѓу Шпанија и Шведска откако истегна мускул во бутниот мускул, додека Погба уште не се опорави од повредата на стапалото и покрај тоа што беше во Дубаи на посебна рехабилитација на топло време. Уште полошо, Погба најверојатно ќе биде во аут до крајот на месецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Барса направи историска грешка со трансферот на Пјаниќ“

Главниот човек на Барселона за Јужна Америка, Андре Кари, изјавил дека една од најголемите грешки во историјата на фудбалот е трансферот на Миралем Пјаниќ.
Пјаниќ, во летниот преоден рок, од Јувентус пристигна во Барселона. Во спротивен правец замина Артур Мело. Репрезентативецот на БиХ, кај Роналд Куман речиси и да не игра и веројатно ќе го напушти клубит.
„Тоа е една од најголемите грешки што сум ги видел во историјата на фудбалот. Апсурд. Менувате 23-годишен играч кои има плата од два милиони евра, за играч кој има 31 година и плата од шест милиони евра“, рекол Кари.
Спорт
Дерозан во последната секунда го урна Далас

Осум натпревари се одиграа во НБА лигата, изминатата ноќ. Најдраматичниот натпревар го одиграа Далас и Сан Антонио. Сан Антонио славеа со 119:117, со што избегнаа „метла“ од ривалот од Тексас. Никогаш во историјата на лигата, Далсс, не ги добиле сите натпревари во сезоната против Сан Антонио.
Демар Дерозан, во последната секунда погоди за победа на Сан Антонио. Бекот на Сан Антонио, натпреварот го заврши со 33 поени и осум асистенции, Дежонте Мареј постигна 25 поени.
На спортивната страна Кристапс Прозингс и Лука Дончиќ постигнаа 60 поени. Летонецот забележа дабл-дабл од 31 поен и 15 скока, Дончиќ постигна 29 поени.
Резултати:
Кливленд-Њу Орлеанс 109:116
Орлансо-Милвоки 87:124
Мемфис-Индијана 125:132
Минесота-Чикаго 121:117
Њујорк-Торонто 102:96
ЛА Клиперс-Детроит 131:124
Портланд-Мајами 98:107
Спорт
Адеми го пропушта реваншот со Виљареал

Динамо Загреб, со победата над Локомотива (2:0), се врати на првото место во хрватскиот шампионат. „Модрите“, со натпревар помалку имаат два бода повеќе од Осијек. Победата ја засени повредата на Аријан Адеми, кој најверојатно ќе го пропушти реваншот со Виљареал, во Лига Европа.
„Адеми има оток на стапалото. Ќе ги почекаме снимките, но прогнозите не се добри“, изјавил тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.
Динамо, во четврток, ќе гостува во Виљареал. По првиот меч Шпанците имаат предност од 1:0.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш