Спорт
Децата веднаш ја копираат новата прослава на Кристијано Роналдо
Влијанието кое го има Кристијано Роналдо кај дел од фудбалските навивачи е добро познато, така што нецела недела откако ѕвездата на Манчестер јунајтед ја смени својата прослава на голови, веднаш се појавија „копии“.
При постигнувањето на победничкиот гол за 2:1 триумф над Евертон, Португалецот наместо добро познатата „Сиу“ прослава ги стави рацете на градите и глумеше дека спие, за што подоцна Манчестер јунајтед објавија дека е интерна шега меѓу фудбалерите со стилот на спиење на CR7.
Вчера пред мечот од Лигата на шампиони помеѓу Спортинг Лисабон и Олимпик Марсеј, едно од децата кои стојат како маскоти пред фудбалери, го покажа истото.
Претходно во вторникот на меч од Младинската ЛШ помеѓу Пари Сен-Жермен и Бенфика, фудбалерот на португалскиот тим, Диего Мореира по постигнување на гол исто така прослави како неговиот славен сонародник.
Cristiano Ronaldo's influence is insane .
He literally did this celebration only 4 days ago ???????? pic.twitter.com/k6gUXpIJBb— Janty (@CFC_Janty) October 13, 2022
Kid does Ronaldo’s new celebration. ???? pic.twitter.com/SxKxh5XXpy
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) October 12, 2022
My God Ronaldo already got players doing his celebration ???????????????? pic.twitter.com/jhhpSWCWKo
— A (@IconicCristiano) October 11, 2022
Зошто Роналдо се откажа од „Сиу“ прославата за својот 700. гол?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.