Спорт
Дејли мејл: Абрамович нема да прифати понуди од САД и Британија!

Роман Абрамович може да ја спречи продажбата на Челси, откако „Дејли мејл“ инсистира дека рускиот милијардер не сака да прифати понуди од САД и Велика Британија, бидејќи овие две земји го санкционираа него.
Иако британската влада му ги „замрзна“ сите поседи во оваа земја, Абрамович ја ангажираше „Рејн групацијата“ да ја предводи продажбата на клубот и може да стави „вето“ на кандидатурите од САД и Велика Британија.
Ова би значело вистинска катастрофа за лондонскиот клуб, кој би можел да заврши во стечај доколку не се продаде клубот. Највисоката понуда за Челси надвор од САД и Британија е од „Сауди Медија груп“, кои наводно понудиле 2.66 милијарди фунти. Од друга страна се верува дека британската влада би блокирала продажба на инвеститорите од Саудиска Арабија поради проблемите кои се јавија при продажбата на Њукасл јунајтед.
Друга опција е британската влада со декрет да му го одземе Челси на Абрамович, откако инсистираа дека рускиот милијардер нема да добие ниту пени од продажбата на клубот.
Roman Abramovich could still scupper Chelsea sale as Blues owner 'not keen on bids from the US and Britain after both countries sanctioned Russian oligarchs' https://t.co/oweLSJqnp8
— MailOnline Sport (@MailSport) March 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Берлускони демантира дека ја продава Монца за да купи акции во Милан

Поранешниот италијански премиер, бизнисменот Силвио Берлускони преку соопштение ги демантираше италијанските медиуми кои тврдеа дека е подготвен да ја продаде Монца за да се врати како делумен сопственик на својот стар клуб, Милан.
Шпекулациите се појавија пред клучниот меч на Монца за влез во Серија А, каде што во баражот во сабота играат со Пиза. Монца победи во првиот меч со 2:1.
„Приказната за продажба на Монца за да добијам дел од акциите на Милан е целосно неоснована. Монца не е на продажба, а сега ни е потребна крајна концентрација за неделното финале“, напиша Берлускони на Твитер.
Берлускони беше газда на Милан повеќе од 30 години, од февруари 1986 до април 2017 година, кога го продаде клубот на кинескиот милијардер Јонгхонг Ли. Во тој период, Милан освои пет европски титули, осум трофеи о Серија А и шест трофеи од Копа Италија. По ова, тој го купи малиот клуб Монца, и успеа да го крене од Серија Ц во Серија Б, заедно со поранешниот директор на Милан, Адријано Галијани.
La notizia della vendita del Monza per l’acquisto di una quota del Milan è destituita di fondamento. Il Monza non è in vendita. Adesso c’è bisogno della massima concentrazione per la finalissima di domenica sera. https://t.co/vwOcoE5eEm
— Silvio Berlusconi (@berlusconi) May 27, 2022
Спорт
Лаутаро и Мартинез лути на Мбапе за потценувањето на јужноамериканскиот фудбал

Ѕвездата на Интер, Аргентинецот Лаутаро Мартинез признава дека не бил импресиониран од изјавата на Килијан Мбапе околу споредбата на европскиот и јужноамерикански фудбал.
Пред Светското првенство во Катар во ноември, ѕвездата на ПСЖ изјави дека европските репрезентации имаат значителна предност пред јужноамериканските репрезентации.
„Аргентина нема одиграно мечеви со голем квалитет да стигне до Мундијалот. Во Јужна Америка фудбалот не е толку развиен како во Европа. Затоа на последните Светски првенства победуваат европските репрезентации“, изјави Мбапе.
Лаутаро не се согласува.
„Мнозинството од нашата репрезентација ја сочинуваат фудбалери од Европа и секогаш работиме на највисоко ниво. Задоволни сме од нашата работа. Видов што кажа Мбапе, но треба да сфати дека Аргентина и Бразил имаат големи фудбалери со неверојатен талент. Бразил, исто како нас, има многу фудбалери во Европа, така што коментарот не беше фер“, изјави Лаутаро.
Голманот на Астон вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез се согласува.
„Боливиј во Ла Паз, Еквадор со жештина од степени, Колумбија, каде што едвај се дише… Во Европа играат на совршени терени и немаат поим за Јужна Америка. Кога ние одиме на тренинг со репрезентацијата имаме два дена патување. Кога англиски фудбалер ои со репрезентацијата, тој е таму за половина час. Нека одат во Колумбија и Еквадор да видат колку е лесно“, коментираше Мартинез.
Спорт
Пелистер и МЗТ Скопје со предност во плејофот

Актуелниот шампион МЗТ Скопје стигна до 77:52 победа над ТФТ Скопје за водство во полуфиналната серија од плејофот, а во Битола, Пелистер со 93:84 го совладаа Еуро Никел за голема предност.
„Металците“ не дозволија ново изненадување како тоа што им го приредија ТФТ во финалето на Купот на Македонија, поведувајќи со 21:17 по првата четвртина, предност која ја оддржаа во текот на целиот меч. Немања Милошевиќ со 13 поени беше најефикасен за МЗТ, Дејвис имаше 12, додека кај ТФТ, Хортон имаше 13 поени. Вториот меч од полуфиналето е во недела.
Пелистер пак, имаше убедлива предност од над 20 поени разлика против минатогодишниот вицешампион, пред во второто полувреме гостите да ја вратат рамнотежата. Малешевиќ со 27 и Кесар со 24 беа најефикасни за Пелистер.
Фото: КФМ