Контакт

Спорт

Дембеле ги „крена“ Барса над Сосиедад

Објавено пред

Барселона е во полуфиналето на Копа дел реј, останувајќи во игра за три трофеи оваа сезона, откако на „Ноу Камп“ со 1:0 го совладаа незгодниот Реал Сосиедад.

dobivaj vesti na viber

Шансите на каталонскиот клуб за победа се зголемија во 40. минута, кога гостите останаа со 10 играчи по црвениот картон на Браис Мендез по остриот старт над Серхио Бускетс.

И покрај ова, тимот на Иманол се покажа како сериозен противник, пред Усман Дембеле во 51. минута со силен удар да го реши победникот и патникот во полуфинале.

Спорт

Ауар се договорил со Бетис

Објавено пред

Фудбалерот на Олимпик Лион Хусем Ауар нема да го продолжи договорот со францускиот клуб и од лето ќе стане нов играч на Бетис, дознава специјализираниот фудбалски портал „Гол“.

dobivaj vesti na viber

Веќе подолго време се шпекулира за потенцијалното заминување на Ауар и многу клубови беа заинтересирани за неговите услуги. Медиумите во Англија пишуваа дека ќе го засилил Манчестер јунајтед на крајот од јануарскиот преоден рок, но клубот од „Олд Трафорд“, ја пополни дупката во средниот ред предизвикана од повредите со ангажманот на Марсел Забицер на шестмесечна позајмица.

„Голl,“ тврди дека Ауар ги договорил деталите за соработката со Бетис и дека ќе се пресели во Шпанија по истекот на актуелниот договор со Лион.

За 24. годишниот фудбалер беа заинтересирани Интер и Севиља, но тој реши да му се приклучи на тимот на Мануел Пелегрини.

Бетис веќе купуваше во Лион, откако го ангажираше Набил Фекир за 20 милиони евра во летото 2019 година. Офанзивниот играч за врска беше и на мета на гигантите пред да се одлучи за преселба на „Бенито Виљамарин“. Во зелено-белиот дрес досега одигра 135 пати и забележа 27 гола и 26 асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

Опстанокот е се подалеку – Сампдорија се соочува со жестока казна

Објавено пред

Поранешниот шампион на Италија, Сампдорија, незадржливо се движи кон Серија Б. Клубот освои само девет бода во одиграните 20 натпревари. На „Мараси“ се надеваат дека ќе опстанат, но таа задача може дополнително да им биде отежната доколку Лигата реши да ги казни.

dobivaj vesti na viber

Сампдорија се соочува со одземање бодови доколку до 16. февруари не им ги исплати заостанатите плати на играчите и вработените во клубот, пишува „Газета дело Спорт“.

Како што се наведува, Сампдорија нема исплатено плати за последните три месеци од 2022 година. За да ги подмири долговите кон играчите и вработените во клубот, Сампдорија треба да обезбеди 11 милиони евра.

„Газета дело Спорт“, наведува дека е тешко да се очекува дека Масимо Фереро, кој се уште е сопственик на поголемиот дел од акциите, ќе инвестира пари во клубот за навреме да го реши овој проблем бидејќи тоа би значело дека тој му дал на клубот финансиска „инјекција“ вредна меѓу 35 и 50 милиони евра.

Доколку платите не бидат исплатени до 16.февруари, на Сампдорија ќе и бидат одземени бодови. Овој извор не наведува колку бодови можат да му бидат одземени на клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лига куп: Ќе има сектор за стоење во финалето

Објавено пред

Во финалето на Лига купот, во кое Манчестер јунајтед и Њукасл ќе се борат за првиот трофеј сезонава, еден дел од трибините на Вембли ќе биде одреден за стоење. За прв пат по речиси 35 години.

dobivaj vesti na viber

Англиската фудбалска лига потврди дека Манчестер јунајтед и Њукасл ќе добијат по 867 билети за специјални нови сектори на трибините.

Секторите за стоење на англиските стадиони беа отстранети по трагедијата во Хилсборо во 1989 година кога 97 навивачи на Ливерпул трагично ги загубија животите.

За да им овозможат на навивачите да ги следат натпреварите и на овој начин, клубовите со години ги реновираат трибините за да го спроведат тоа на најсигурен можен начин.

Стадионите на Тотенхем, Кардиф, Челзи, Манчестер сити и Ливерпул имаат стоечки сектори (иако Енфилд се уште нема добиено дозвола за својот дел од трибините)…

Финалето на Лига купот е закажано за 26. февруари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Апасиев: Партиската полиција на Спасовски не престанува со тортурата врз левичарите

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на таткото на македонската нација – Гоце Делчев, повеќе членови на Централниот комитет...

Регион35 минути

(Видео) Хаос во српскиот парламент, пратениците се упатија кон Вучиќ со извици „предавство“

Целосен хаос во српското собрание следуваше во попладневниот дел од расправата кога пратениците од опозицијата, пред сè, на Двери и...

Македонија3 часа

„Авионот е полн, нема да леташ за Париз“, патник вратен од аеродромот иако имал повратни билети на „Визер“

Патник од Скопје во саботата бил вратен од Меѓународниот аеродром „Скопје“ со објаснување дека авионот за Париз е полн иако...

Македонија3 часа

Петиција за одземање бугарско државјанство на Македонци; Основачот: Имаме проблем што не ја признавате историјата

Онлајн-петиција за одземање на бугарското државјанство на Македонци што шират омраза за Македонија е креирана на социјалната мрежа „Фејсбук“, а...

Македонија4 часа

Лидија Димова не призна вина, нејзиниот екссоработник смета дека е виновен за злоупотребите во Националната агенција за европски образовни програми

Ексдиректорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, не чувствува вина за делата злоупотреба на службената...

Македонија4 часа

Спасовски: Ниедна партија не може да го присвои Гоце Делчев, граѓаните нека бидат сигурни за одбележувањето

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, порача дека ниедна политичка партија не може да го присвои ликот на Гоце Делчев....

Регион5 часа

Бугарија го осудува насилството врз македонските Бугари во Македонија

Бугарскиот парламент категорично го осуди насилството врз македонските Бугари во Македонија, како и омаловажувањето на проблемот со правата и безбедноста...

Свет5 часа

Медведев: Пред 80 години непријателот беше сопрен, исто ќе биде и сега

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, по повод одбележувањето на 80-годишнината од битката кај Сталинград, истакна дека...

Македонија6 часа

„Комитите“ повикаа на акција за чествувањето на Гоце Делчев

Навивачката група „Комити“ ќе присуствува на одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, кое ќе се одржи во црквата...

Свет6 часа

Поранешен командант на „Вагнер“: Сакам да им се извинам на Украинците

Еден од поранешните команданти на руската платеничка група „Вагнер“, кој побегна во Норвешка, изјави за „Ројтерс“ дека сака да се...

Свет6 часа

Белата куќа: Немаме непријателски намери кон Пјонгјанг

Белата куќа ги отфрли обвинувањата на Северна Кореја дека воените маневри на САД и нивните јужнокорејски сојузници во Жолтото Море...

Свет6 часа

Фрејзер: Русија побара седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

Русија побара на 8 февруари да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина, изјави Ванеса...

Свет7 часа

Кириленко: Руска ракета погоди станбена зграда во Краматорск, најмалку двајца загинати

Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени кога ракета лансирана од руските сили погоди станбена зграда во градот Краматорск...

Свет19 часа

Адвокатот на Бајден: ФБИ не најде доверливи документи во куќата на претседателот

Членови на американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска ја пребараа викендицата на претседателот Џозеф Бајден во Рихобот Бич, Делавер, но...

Македонија19 часа

Осудениот Михајловски за „27 април“ одбива да биде амнестиран: Бог е тој што може да ми суди

Вилијам Михајловски-Гајда, осуден на 13 годишна затворска казна за крвавите случувања во Собранието на 27 април, бара да не биде...

Македонија20 часа

Условна казна доби докторот кој ја породуваше Веапоска, родилката: Дај Боже на пресудата за вадењето на моите органи, да се казни со затвор

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги,...

Економија21 час

Маричиќ: Нови 53 милиони евра за Северна Македонија од ЕУ за инвестиции во енергетиката и животна средина

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од страна на Европската...

Регион21 час

Милановиќ: Србија мора да разбере дека од романсата со Русија ќе излезе како измамен љубовник

Србија ќе мора на некој начин да го признае Косово, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, оценувајќи дека Белград мора...

Свет22 часа

Захарова: Обидот за посегнување на руски имот ќе се смета за грабеж, ќе одговориме

Русија ќе возврати на обидите на Западот да ги заплени руските средства за да и ги предаде на Украина, изјави...

Европа24 часа

Оланд: Путин не е луд, туку е радикално рационален

Поранешниот француски претседател, Франсоа Оланд, смета дека рускиот претседател Владимир Путин не е луд, туку радикално рационален лидер, кој е...