Спорт
Џими Батлер ќе го напушти Мајами
Американскиот кошаркар Џими Батлер наскоро би можел да ги напушти редовите на Мајами Хит.
Џими Батлер пропушти голем број натпревари поради проблеми со повреди и оваа сезона за Мајами одигра само 17 натпревари, со просек од 19 поени и 5,4 скока и 4,8 асистенции.
Батлер има 35 години и сезонава заработува 48,8 милиони долари, а самиот треба да одлучи дали да го продолжи договорот на уште една година, во која би заработил 54,4 милиони долари.
Според добро информираниот Шемс Чаранија, Мајами Хит се подготвени да го трејдуваат Џими Батлер.
Еден од тимовите што во моментов се споменува е Далас Маверикс, а се верува дека Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ би добиле тимски колега што им недостасува во трката за шампионската титула.
Батлер е од Хјустон, па би бил блиску до родниот град, но… И Хјустон Рокетс го сакаат Џими Батлер и би сакале да се договорат со Мајами, додека својата шанса ја чекаат и Голден стејт Вориорс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спектакуларен пресврт ма „Сан Сиро“ – Милан ја победи Парма
Милан, со спектакуларен пресврт ја совлада Парма со 3:2 (1:1) во 22. коло од италијанската Серија А. Парма на „Сан Сиро“ имаше предност до 92.минута, на крајот не успеа да освои ниту бод.
Тимот од градот на модата влезе поагресивно во дуелот, но Рафаел Леао и Матео Габија не реализираа добри шанси. Студен туш за италијанскиот вицешампион во 24. минута. Матео Канчелиери со брилијантен удар од далечина го совлада Мајк Мењан.
Во 29. минута од натпреварот голот на Алваро Мората беше поништен поради офсајд.
Сепак, само шест минути подоцна. голканот на Парма, Сузуки го турна Павловиќ, а судијата Розарио Абисо досуди пенал.
Кристијан Пулишиќ, се разбира, беше сигурен. Американецот остана непогрешлив од белата точка, сезонава ги погоди 12 пати.
Тренерот на домаќините Серхио Консеисао направи радикален потег на полувремето. Тој ги извади од игра двете најголеми ѕвезди на тимот Рафа Леао и Тео Ернандез. Нивните места ги зазедоа Исмаел Бенасер и Давиде Бартесаги.
Во преостанатиот дел од мечот имаше шанси и на двете страни, но резултатот остана непроменет до самиот крај. Кога се чинеше дека мрежите ќе останат недопрени во вториот дел, Парма повторно ги шокираше симпатизерите на седумкратниот европски првак. 80-та минута.
Мењан успеа да го спречи обидот на Дрис Камара, но Енрико Дел Прато најдобро се снајде ја испрати топката во мрежата, која ја одбрани Французинот.
Павловиќ можеше да ја круниса добрата партија со гол во 88.минјта. Радоста му ја ускрати ВАР.
Сепак, Милан не мораше долго да чека за израмнување. Тијани Рајндерс го искористи одличното додавање на Јунус Муса во 92.минута и го изедначи резултатот.
Само две минути подоцна, замената Лука Јовиќ но шутираше високо над голот. Делирум на „Сан Сиро“ предизвика голот на Чукуезе во 95.минута.
Милан во следната рунда во градското дерби ќе го пречека Интер.
Спорт
(Видео) Бруклин Нетс го повлекоа дресот Винс Картер
Бруклин Нетс го повлекоа дресот со број 15 што го носеше Винс Картер додека беше дел од оваа франшиза. Церемонијата се одржа на полувремето од натпреварот против Мајами. Картер е седмиот играч чиј дрес Бруклин Нетс го повлекоа од употреба.
„Ова е навистина нешто што јас и моето семејство засекогаш ќе го цениме“, рече Картер за време на церемонијата.
Vince Carter's No. 15 officially goes up in Brooklyn 🔥 pic.twitter.com/HvGIN8UMaf
— SportsCenter (@SportsCenter) January 26, 2025
Картер (48) ја започна својата НБА кариера во Торонто. Тој играше за Нетс, кога франшиата беше стационирана во Њу Џерси, од 2004 до 2009 година. Картер потоа играше за Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта, а кариерата ја заврши во 2020 година.
Тимот на Торонто на почетокот на ноември минатата година го повлече дресот со бројот 15 кој за овој клуб го носеше Винс Картер.
Спорт
Розберг: Нема подобар од Хамилтон
Нико Розберг, поранешниот светски шампион во Формула 1, очекува интересна ситуација во Ферари во новата сезона.
Тимски колеги во Ферари ќе бидат Луис Хамилтон, седумкратен светски шампион и Шарл Леклер.
„Шарлс ќе биде на исто ниво како Џорџ Расел минатата година“, изјави Розберг и додаде: „Тие се секако најдобрите млади возачи. Се разбира, не го сметам Макс Ферстапен, кој е класа за себе. Луис се мачеше многу во неговата последна сезона во Мерцедес и ако тоа се повтори, Шарл ќе биде пред Хамилтон“.
Сепак, Розберг, кој го имаше Хамилтон за тимски колега во Мерцедес, верува во одличниот Британец.
„Луис е најдобриот во историјата. Има некои сомнежи како ќе се снајде со новиот болид, но мислам дека ќе биде на врвно ниво и во Ферари“, истакна Розберг.