Спорт
Ди Марија: Роналдо сака да се убие што не е со нас во Париз!
Еден од најблиските играчи на Лео Меси во редовите на ПСЖ секако е Анхел ди Марија, неговиот колега од аргентиската фудбалска репрезентација. Ди Марија за „TyC Sports” ја опиша моментната атмосфера во ПСЖ, а притоа искористи прилика да го „пецне“ Серхио Агуеро кој во Барселона премина од Сити за да игра покрај Меси.
„Голема работа за ПСЖ, мене ми е многу лесно да играм со Лео. Неговата топка секогаш ви паѓа на нога. Нема грешка. Имаме одличен однос и надвор од теренот. Кун е очаен, но што да прави. Најлошото од се е што повторно се повреди и нема да може да игра неколку недели“ рече Ди Марија.
Тој во кариерата ги бранеше боите на повеќе европски клубови, ги делел соблекувалните со бројни фудбалски ѕвезди, но за него, Меси е над другите.
„Играв со големи асови као Кристијано Роналдо, Нејмар, Мбапе, Руни, Ван Перси, Ибрахимовиќ, Бензема, Бејл. Искрено, никој не е ниту сличен со Меси, тој е од друга планета. Мисли однапред“ вели Ди Марија.
Со доаѓањето на Меси во Париз се отвораат бројни прашања за формирање „дрим-тим“, а последните денови се појави информацијата дека и Кристијано Роналдо би можел да дојде на „Паркот на принцовите“.
„Кристијано веројатно сака да се убие што не е со нас. Квалитетот што сега го има ПСЖ – тоа е нешто единствено. Не се случува секоја година во еден клуб да се најдат токлу големи ѕвезди. Мислам дека Роналдо би сакал да е овде, но Управата се одлучи за Меси. Мислам дека тоа е подобро решение“ истакна аргентинскиот ас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за голманот на Бразил
Бразилскиот голман Бенто (24), максимално ја искористи шансата која му се укажа по повредите на Алисон Бекер и Едерсон.
Бенто го бранеше голот на Бразил на неодамнешните пријателски натпревари против Англија (1:0) и Шпанија (3:3).
Она што го демонстрираше на „Вембли“ и „Сантијаго Бернабеу“ не мина незабележано, иако од претходно е на радарот на европските клубови. Наводно интерес за Бенто покажуваат Интер, Челзи, Нотингем Форест.
Бразилските медиуми пишуваат дека Атлетико Параненсе за него ќе бара отштета од 20.000.000 евра, а италијанските медиуми пренесуваат дека најблиску до него е Интер. Во клубот сметаат дека добро е Јан Сомер да добие силна конкуренција, а исто така Бразилецот би бич залог за иднината бидејќи има само 24 години.
Спорт
Јувентус најде тренер за следната сезона
Болоња е хитот на сезоната во Серија А. Тимот кој од клупата го предводи Тиаго Мота се бори за место во Лигата на шампионите. Она што е извесно е дека Мота на крајот од сезоната ќе ја напушти Болоња.
Медиумите на Апенинскиот полуостров го поврзуваа со Милан, но тоа нема да се случи. Поранешниот фудбалер на Интер, во овој момент е најблиску до клупата на Јувентус.
Мота ќе го наследи Масимилијано Алегри од чија работа во клубот од Торино не се задоволни.
До пред два месеци Јувентус се тркаше со Интер за шампионската титула, но откако на последните осум натпревари „старата дама“ забележа една победа, тимот на Алегри сега се бори за второот место со Милан.
Наводно, челниците на Јувентус и Алегри спогодбено ќе го раскинат неговиот договор кој важи до јуни 2025 година. За да се реализираа ова работа, двете страни треба само да ја договорат оштетата која ќе му биде исплатена на тренерот.