Спорт
Диего Коста го напушта Атлетико

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, во јануарскиот преоден рок ќе го напушти клубот од шпанската престолнина, тврди новинарот Фабрицио Романо. Договорот на 32-годишникот истекува на крајот од сезоната. Интерес за неговите услуги покажале клубови од Кина и Бразил.
Бразилецот со шпански пасош во три мандати го носел дресот на Атлетико (2007/09, 2010/14 и од 2018). Со клубот ја освои Ла Лига, Купот на Шпанија, Лига Европа и Суперкупот на УЕФА.
Диего Коста, од почетокот на сезоната, има одиграно седум натпревари, на кои постигнал два гола.
Медиумите шпекулираат дека на местото на Диего Коста, Атлетико, ќе се обиде да го донесе Аркадијуш Милик од Наполи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси почнал да учи француски, го носи ли патот во Париз?

Иако аргентинскиот ас од Барселона, Лео Меси, во интервју пред неколку дена рече дека нема да одлучува за својата фудбалска иднина пред да заврши тековната сезона, од Франција стигнуваат други бранувања. Во земјата на „галските петли“ се чини сакаат по секоја цена да го видат аргентинскиот фудбалски виртуоз во дресот на ПСЖ пред да му истече договорот со Каталонците.
Пред една недела спортскиот директор на „светците“ наведе дека играч од типот на Меси секогаш бил на радарот на овој клуб, а соиграчот на Меси од репрезентацијата, Леандро Паредес, посочи и дека постојано го следат аргентинскиот ас, но одлуката дали ќе дојде во Париз е исклучително само на играчот.
На целата оваа мешаница, еден од најдобро упатените француски спортски новинари, Жефри Герети (ТВ „Канал плус“), изјави дека целото семејство на Меси учи француски, одат на приватни часови.
„Зошто учи француски ако потпише за Манчестер сити? Нема смисла. Оваа информација, која можам да ја потврдам, е од многу доверлив извор“, изјави Герети.
Додека траат турбуленциите во Франција, Меси ќе може да се врати на теренот веќе на дуелот против Рајо Ваљекано по заработената суспензија од 2 меча поради црвениот картон против Атлетик Билбао.
Спорт
Јовиќ откри зошто не му оди со Зидан – слаб му е шпанскиот

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ (23) овој месец стигна на заем во Ајнтрахт Франкфурт од редовите на Реал Мадрид и на првите 3 меча за старо-новиот клуб постигна 3 гола.
Во Германија ќе остане барем до крајот на сезоната. Под водство на Зинедин Зидан во Реал не можеше да покаже зошто кралскиот клуб за него плати 63 милиони евра во 2019 година.
Србинот ги образложи причините:
„Точно е дека дадов само 2 гола во Реал, а сега само за 2 меча во Франкфурт постигнав исто толку. Градот, стилот на игра и екипата ми одговараат. Комуникацијата со тренерот Хутер е полесна затоа што може да разговараме на англиски. Шпанскиот не ми е најсилна страна“, рече Јовиќ.
Спорт
Два натпревари суспензија и парична казна за Конте

Серија А ја објави казната која му е изречена на Антонио Конте. Тренерот на Интер доби црвен картон на натпреварот со Удинезе.
Темпераментниот Конте, беше исклучен во финишот на натпреварот. Незадоволен од додаденото време од четири минути, тој влезе во вербална расправија со судијата Фабио Мареска.
Расправата е судијата Конте ја продолжил и по завршувањето на натпреварот.
Конте ќе плати казна од 20.000 евра и нема да може да го предводи својот тим на натпреварите со Беневенто и Фиорентина.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот