Контакт

Спорт

Диего Симеоне – тренер со најмногу победи во историјата на Атлетико

Објавено пред

Победата на Атлетико Мадрид над Атлетик Билбао е 309. во кариерата на Диего Чоло Симеоне како тренер на „јорганџиите“.

Симеоне веќе една деценија е на кормилото на клубот од „Ванда Метрополитано“, на вечната листа тој престигна уште една клупска легенда, Луис Арагонес, кој како тренер на Атлетико забележа 308 победи.

Тимот на Симеоне славеше над Атлетик 2:1, со головите на Маркос Љоренте и Луис Суарез од пенал, откако претходно гостите од Билабо водеа со голот на Икер Муниан.

Атлетико се лидери на табелата со 62 бода, шест повеќе од Барселона и осум од Реал Мадрид.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Боатенг подготвува предавство

Објавено пред

Џером Боатенг, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Баерн. За 32-годишникот интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но како што објави „Билд“, тој ќе остане во Бундес лигата.

Боатенг, кому Баерн не му понуди нов договор, подготвува предавство. Според „Билд“, тој ќе се пресели во Борусија Дортмунд. Доколку се реализира овој трансфер, тогаш Боатенг ќе го обнови партнерството со Матс Хумелс.

Овие двајца со години беа партнери во одбраната, во Баерн и во германската репрезентација.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Барса направи историска грешка со трансферот на Пјаниќ“

Објавено пред

Главниот човек на Барселона за Јужна Америка, Андре Кари, изјавил дека една од најголемите грешки во историјата на фудбалот е трансферот на Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ, во летниот преоден рок, од Јувентус пристигна во Барселона. Во спротивен правец замина Артур Мело. Репрезентативецот на БиХ, кај Роналд Куман речиси и да не игра и веројатно ќе го напушти клубит.

„Тоа е една од најголемите грешки што сум ги видел во историјата на фудбалот. Апсурд. Менувате 23-годишен играч кои има плата од два милиони евра, за играч кој има 31 година и плата од шест милиони евра“, рекол Кари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дерозан во последната секунда го урна Далас

Објавено пред

Осум натпревари се одиграа во НБА лигата, изминатата ноќ. Најдраматичниот натпревар го одиграа Далас и Сан Антонио. Сан Антонио славеа со 119:117, со што избегнаа „метла“ од ривалот од Тексас. Никогаш во историјата на лигата, Далсс, не ги добиле сите натпревари во сезоната против Сан Антонио.

Демар Дерозан, во последната секунда погоди за победа на Сан Антонио. Бекот на Сан Антонио, натпреварот го заврши со 33 поени и осум асистенции, Дежонте Мареј постигна 25 поени.

На спортивната страна Кристапс Прозингс и Лука Дончиќ постигнаа 60 поени. Летонецот забележа дабл-дабл од 31 поен и 15 скока, Дончиќ постигна 29 поени.

Резултати:

Кливленд-Њу Орлеанс 109:116
Орлансо-Милвоки 87:124
Мемфис-Индијана 125:132
Минесота-Чикаго 121:117
Њујорк-Торонто 102:96
ЛА Клиперс-Детроит 131:124
Портланд-Мајами 98:107



Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер и Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија17 минути

Ќе се ограничат цените за лекување на пациенти со коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување на пациенти...

Македонија24 минути

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјава

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјава, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека вакцините, кои...

Македонија42 минути

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа...

Свет59 минути

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет1 час

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирус, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет2 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис дури една година по заразата со коронавирусот

Три дена по позитивниот тест за коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија5 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија20 часа

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија23 часа

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија23 часа

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија24 часа

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија24 часа

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет1 ден

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Македонија1 ден

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа2 дена

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија2 дена

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија2 дена

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Македонија2 дена

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над...

Свет2 дена

Кина дневно произведува 5 милиони дози вакцини, целта е да достигне 3 милијарди годишно

Кина веројатно ќе произведе три милијарди дози од вакцината против Ковид-19 до крајот на годината, изјави официјален претставник на Националната...

Досие