Спорт
Димитар Бербатов и официјално заврши со фудбалот

Поранешниот напаѓач на Тотенхем и Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов објави дека се повлекува од фудбалот, 18 месеци откако си замина од индискиот клуб „Керала бластерс“, ставајќи крај на 20-годишната кариера.
38-годишниот најдобар стрелец во историјата на Бугарија, во кариерата играше и за ЦСКА Софија, Баер Леверкузен, Фулам, Монако и ПАОК.
„Некој ми спомена дека морам да кажам нешто и бидејќи луѓето постојано ме прашуваат, посебно дома во Бугарија, морам да се простам со фудбалот. Мојот последен меч беше пред една година и сега морам да сопрам“, напиша Бербатов на Инстаграм.
Бербатов освои две титули од Премиер лигата со Манчестер јунајтед и беше прогласуван за најдобар бугарски фудбалер од 2004 до 2010 година, најави дека ќе остане во фудбалот на некој начин.
Тој дебитираше за бугарската репрезентација во 1999 кога имаше само 18 години и се повлече од националниот тим во 2010 со 48 гола во 79 меча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фудбалски тренер загубил 15 членови на семејството во земјотресот во Турција

Два страшни земјотреси го погодија југот на Турција. Првиот се случи рано утрото со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот удри неколку часа подоцна со јачина од 7,5 степени. Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува речиси повеќе од 2.300, а илјадници се повредени.
Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи земјотресот удрил додека најголем дел од луѓето спиеле.
Техничкиот директор на фудбалскиот клуб Сиваспор, Риза Калимбеј, изјави дека во трагедијата загинале 15 членови на семејството на Ајхан Тенбелоглу, еден од асистентите во стручниот штаб на турскиот клуб.
„Многу ни е жал за сите жртви. Наше сочувство. Утрото го повикавме нашиот тренер на голманите Ченгиз. Дознавме за нивната ситуација. Многу ни е жал за еден од помошниците тренери, Ајхан Тенбелоглу, дури 15 членови на неговото семејство починаа. Во Сивас врне и силен снег и тоа ја отежнува ситуацијата. Живееме во многу тежок ден и како клуб ќе дадеме сѐ од себе да помогнеме“, изјави Калимбеј.
Спорт
Цела одбојкарска екипа исчезнала под урнатините од земјотресот во Турција

Разорните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што го погодија југот на Турција однесоа повеќе од 2.100 животи, според моментно достапните податоци. Речиси 9.000 луѓе се повредени, а се стравува дека овие бројки ќе се зголемат бидејќи земјотресот ги затекна повеќето луѓе на спиење.
Токму тоа се случи и со одбојкарките на Хатајспор во земјотресот што во раните утрински часови го погоди тој дел на Турција.
Информацијата за нивното исчезнување под урнатините со апел за помош преку социјалните мрежи ја испрати турски одбојкар, а ја пренесоа и локалните медиуми.
Наводно, сите одбојкарки ноќта ја поминале во зграда која била урната во земјотресот.
Турските медиуми јавуваат дека под урнатините се наоѓаат и голем број борачи.
Спорт
Димевски: Ревизијата вели дека коруптивната распределба ја правел Наумче Мојсовски

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, посочи дека Македонскиот Олимписки Комитет и претседателот Даниел Димевски изнеле многу лаги на негова сметка, околу наводните злоупотреби со ваучер системот. По ова следеше експресен одговор и Даниел Димевски.
„Посочениот директор има проблем со државните институции задолжени за спроведување на законот а не со Олимпискиот комитет ниту со мене лично. Тој има проблем со конкретни наоди на Државниот завод за ревизија и следствено на наодите на Државната комисија за спречување на корупција и Јавното обвинителство во РСМ. Таму треба да го адресира своето соопштение и да се повика на својата презумпција на невиност која му е единствена опција во моментов.
Што се однесува на делот од соопштението каде лично сум споменат, му благодарам на директорот за точната информација дека јас лично сум креатор и творец на ваучерскиот систем за финанасиска поддршка во спортот. Верувам дека многу спортисти и спортски субјекти видоа бенефит од мојата идеја преточена во конкретна законска рамка без која денеска скоро ниеден спортски субјект неможе да опстои и да се развива. За жал практицирањето на системот е сведен на проста најчесто коруптивна распределба на средства од страна на еден човек со име Наумче Мојсовски.
Сите контролни механизми кои ги има интегрелното решение на ваучер системот свесно од страна на директорот се ставени вон функција со што истиот е комплетно деградиран. Комисијата која треба да предлага е нем извршувач на неговите налози а Советот кој патем тој го предлага е аминувач на истите. Кој е близок и има бизнис релации со него е награден, сите други казнети. Ова е само пародија на системот кој може и мора да функционира независно од волјата на директорот или било кој друг центар на моќ. Критериумите се поставени да се почитуваат а не со нив да се манипулира како што е моменталната пракса во АМС.
На крај, моето разочарување е плод на високите очекувања што ги имав од спортската легенда Наумче Мојсовски, кој како директор за жал целосно потфрли. Многу важни теми од спортот и силни негови ветувања останаа нечепнати. Не видовме ништо од пензиите за заслужните спортисти. Не видовме ниту нови спортски сали, базени уште помалку. И Домот на спортови го загубивме по пат, како што изчезнаа и новиот Закон за спорт и Стратегијата за спорт пет пати ветувана. Регистерот на активни спортски клубови не се направи а транспарентноста од страна на овластената државна институција е оценета како катастрофална.
Ова е за жал реалната слика и прилика на АМС раководена од директорот Наумче Мојсовски. Му посакувам на директорот да се врати во спортот во друга функција различна од оваа која евидентно не е за него.