Спорт
Џа Морент недоволен за Гризлис – без шанса против Голден Стејт
Голен Стејт вориорс стигнаа до убедлива 142:112 победа над Мемфис гризлис за да поведат со 2:1 во полуфиналната серија на Западната конференција во НБА плејофот.
И покрај фантастичната форма на Џа Морент, кој заврши со 34 поени, 7 асистенции и 3 скока, тој не можеше сам против разиграните Вориорс, за кои Стеф Кари заврши со 30 поени и 6 асистенции, Џордан Пул уфрли 27 поени, а Клеј Томпсон имаше 21 поени, 9 скока и 4 асистенции.
Мемфис имаа одличен старт на мечот и 13 поени предност во првата четвртина, но потоа следуваше фантастичен пресврт на Вориорс, кои второто полувреме го почнаа со 10:0 серија заз на крајот да стигнаат до убедлива победа. И следниот меч се игра во Сан Франциско.
Милвоки бакс, пак ,во драматична завршница стигнаа до 103:101 победа над Бостон селтикс за 2:1 водство во полуфиналето на Истокот.
Бакси водеа во поголемиот дел од мечот и во последната четвртин влегоа со предност од 13 поени, но Селтикс успеаја да дојдат до 99:100 водство со двете слободни фрлања на Џејлен Браун. Но, Јанис Адетокумбо постигна поени за 101:100, а потоа прецизен беше и Џру Холидеј, по што на Селтикси им беше потребна тројка. Браун се обиде да постигне тројка и беше фаулиран, но судиите решија дека треба да изведува две слободни фрлања – тој намерно го утна второто, по што направи скок и се обиде да поентира, по што топката дојде кај ветеранот Ал Хорфорд, кој поентираше, но мечот веќе беше завршен.
Адетокумбо го заврши мечот со 42 поени, 12 скока и 8 асистенции, Холидеј заврши со 25 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул го потврди трансферот на Фабио Карваљо

Ливерпул, објави дека нов играч на клубот е Фабио Карваљо. Станува збор за 19-годишен португалски офанзивен играч за врска кој беше еден од главните играчи на Фулам минатата сезона.
Со осум гола и 10 асистенции, тој му помогна на Фулам да се врати во Премиер лигата на Англија.
Тој минатата година забележа четири настапи во највисокото ниво на англискиот фудбал, а дебитираше во мај против Саутемптон. „Возбудливи талент доаѓа од подрачјето на Лисабон. Во март тој го одигра својот прв натпревар за португалската репрезентација до 21 година, додека претходно играше за помладите возарсни категории на Англија“, објави Ливерпул.
Карваљо помина низ Академијата на Фулам и одигра 44 сениорски натпревари за клубот. Беше на радарот на многу големи клубови. Многумина му предвидуваат одлична кариера.
Спорт
Ноер го продолжи договорот со Баерн

Ветеранот Мануел Ноер го продолжи договорот со Баерн Минхен. Клубот објави дека Ноер ќе остане во Минхен до 2024 година.
Баерн не ги објави финансиските детали од новиот договор. Со претходниот, бруто платата на германскиот репрезентативец изнесуваше 20 милиони евра.
„Многу сум среќен што продолжува моето патување со Баерн. Повторно ќе имаме одличен тим, со кој ќе можеме да се бориме за сите трофеи. Како голман и капитен на тимот сакам да бидам столб и поддршка во остварувањето на наредните цели“, изјави Манеул Нојер.
Германскиот репрезентативец пристигна од Шалке во 2011 година. Шест сезони е капитен на Баерн.
Спорт
Монако е најголемиот добитник на договорот меѓу ПСЖ и Мбапе

Во Монако ги тријат рацете по одлуката на Килијан Мабпе да остане во ПСЖ. Пред четири години Монако го продаде на ПСЖ за 145 милиони евра, а во договорот ставија клаузула според која, Монако, ќе добие 25 отсто од следниот трансфер или 35 милиони евра доколку го продолжи договорот со францускиот шампион. .
Мбапе летово можеше да го напушти ПСЖ како слободен играч, доколку тоа се случеше Монако немаше да добие ниту цент. Сепак, тој го продолжи договорот и ги израдува навивачите на ПСЖ, но и неговиот поранешен клуб.