Спорт
Џабе рекордите на Роналдо – Јунајтед „падна“ во Швајцарија во 95. минута!
По долго чекање, денеска конечно стартуваше и новата сезона во Лигата на шампионите, со два необични меча од раниот термин во кој фаворитите Манчестер јунајтед и Севилја не успеаја да победат во мечеви во кои беа ослабени со црвени картони. Посебно неверојатен беше колапсот на Манчестер јунајтед, кои поведоа преку рекордерот Кристијано Роналдо, но потоа Џеси Лингард им подари славна победа на Јанг бојс.
На „Ванкдорф“, Јунајтед имаа совршено отварање – Бруно Фернандеш го пронајде Роналдо во неговиот рекорден 177. меч во ЛШ во 13. минута за фантастично водство. Но, доминацијата на Јунајтед престана во 35. минута, кога Арон Ван-Бисака имаше непромислен груб старт и доби директен црвен картон.
По ова, Јанг бојс ја искористија предноста на теренот за да извршат постојан притисок на половината на „ѓаволите“, која конечно вроди со плод во 66. минута кога по одличното нафрлање и слабата реакција на одбраната на гостите, Николас Муми Нгамалеу израмни на 1:1. Кога изгледаше дека Јунајтед изддржаа за 1:1, Џеси Лингард неверојатно му даде топка на Џордан Сиебачу, кој го казни Давид де Хеа за славна победа.
LE CAVIAR DE LINGARD POUR PEFOK ET LES YOUNG BOYS BATTENT MANCHESTER UNITED !! #YBMUFC #YBMUN pic.twitter.com/2ejgLNStjK
— Le Football en VOD XXXVIII (@footballvodxxx8) September 14, 2021
На „Рамон Санчез Писхуан“ пак се одигра прво неверојатно полувреме со четири досудени и два промашени пенали, за на крајот Севилја да се задоволи со 1:1 реми со австрискиот шампион Ред бул Салцбург.
Белорускиот судија Алексеј Кулбаков досуди дури четири пенали – еден за домаќините и три за гостите. Во 13. минута, Карим Адејеми избори пенал за Салцбург, а потоа го утна. Само осум минути подоцна, уште еден пенал за Салцбург, откако Хесус Навас го собори Адејеми, а овојпат Хрватот Лука Сучиќ погоди за 0:1.
Во 37. минута Адејеми избори уште еден пенал откако беше соборен од голманот, а Сучиќ овојпат ја погоди стативата. Шансите на Севилја да бркаат победа се „урнаа“ во 50. минута, која Јунес Ел Несири доби втор жолт картон (овојпат за симулирање) за тимот на Хулен Лопетеги да остане со играч помалку.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО
ГРУПА Ф
Јанг бојс – Манчестер јунајтед 2:1
Вилјареал – Аталанта 21.00 ч.
ГРУПА Г
Севилја – Ред бул Салцбург 1:1
Лил – Волфсбург 21.00 ч.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.