Спорт
Џек Вилшир се пензионира на 30 години

Поранешното златно момче на Арсенал и на англиската репрезентација, Џек Вилшир, потврди дека се повлекува од фудбалот на 30 години пред следната недела да го преземе местото на тренер на У18-тимот на „топчиите“.
Вилшир, чиј последен клуб беше данскиот Архус, во кариерата играше и за Болтон, Бурнемаут и за Вест хем, а за англиската репрезентација имше 34 настапи и беше дел од тимот што настапи на Светското првенство во 2014, но последните години беа одбележани со повреди и со борбата да најде клуб за кој би играл. Тој произлезе од академијата на Арсенал, клуб за кој имаше речиси 200 настапи.
„Денеска го потврдувам моето повлекување од професионалниот фудбал. За мене, ова беше неверојатен пат одбележен со толку фантастични моменти, така што се чувствувам привилегиран од работите што ги направив во мојата кариера. Од шутирање топка во градината до капитенското место во мојот сакан Арсенал и настап на светско првенство. Јас го живеев мојот сон“, вели Вилшир.
Тој стана најмладиот играч на Арсенал во Премиер лигата дебитирајќи на 16 години и 256 дена и освои две ФА-куп титули со клубот, во 2014 и 2015. Во 2018 замина во Вест хем по што играше и за Бурнемаут во втората лига пред кратката авантура во Данска.
I’ve lived my dream. Thank you all ❤️ pic.twitter.com/rB5gnyyUlK
— Jack Wilshere (@JackWilshere) July 8, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо помина со полициско предупредување за инцидентот со аутистичното момче

Полицијата на Мерсисајд му издаде предупредување на Кристијано Роналдо, откако во април по поразот од 1:0 од Евертон при излегувањето од стадионот „Гудисон парк“ му го скрши телефонот на еден млад навивач на „карамелите“, за кој подоцна се откри дека има аутизам.
Тој и неговите соиграчи излегуваа од стадионот кога Португалецот луто реагираше на снимањето на 14-годишниот Џејкоб Хардинг, избивајќи му го телефонот од раце. Тој подоцна се извини за инцидентот и доброволно се пријави кај полицијата.
Роналдо дури го покани момчето и неговата мајка на било кој натпревар на Манчестер јунајтед, но ова беше одбиено.
Cristiano Ronaldo was accused of smashing a supporter’s phone after Manchester United’s defeat to Everton ????
???? @evertonhub pic.twitter.com/OkS0mweTTC
— GOAL (@goal) April 9, 2022
Спорт
Стоичков: Чувствувам вина што го не го заштитив Марадона од мршојадците

И покрај тоа што никогаш не заигра покрај него во Барселона, бугарската фудбалска легенда Христо Стоичков имаше одлични односи со Диего Марадонаа и вели дека се чувствува виновен што не го заштитил од „мршојадците“ пред неговата смрт во 2020 на само 60 години.
Стоичков во интервју за „ЕСПН“ објаснува дека имал постојан контакт со Аргентинецот до 2016 година, по што никако не можел да го добие ниту н телефон.
„Ги имав сите негови телефонски броеви, но последен пат зборував со него на 2 или 3 февруари 2016. На 8 февруари ми се јави да ми го честита роденденот, и оттогаш не можев да го добијам. Секогаш спиеше, одмараше, беше на прошетка. Мислам дека не ми дозволуваа да зборувам со него. Кога си затворен на едно место и не можеш да зборуваш, што можеш да направиш? Се чувствувам виновен што не го одвоив од мршојааддците. Што не инсистирав повеќе поради нашето пријателство. Го гледав како страда многу, нека почива во мир“, вели Стоичков.
Спорт
Осум месеци по „драмата“ со Ѓоковиќ, Австралија посака добредојде на невакциниран американски пливач

Американскиот пливач, Мајкл Ендру ќе се натпреварува за својата земја во „Дуелот во базенот“, пливачката атракција против Австралија во Сиднеј оваа недела, откако ова земја ги „опушти“ правилата за влез на невакцинирани луѓе, неполни осум месеци откако Новак Ѓоковиќ помина една недела во камп за нелегални имигранти и беше депортиран поради истата причина.
23-годишниот Ендру минатата година невакциниран пливаше на Олимпијадата во Токио, по што беше критикуван од медиумите во САД за неговиот став.
„Не сакам да ставам во моето тело нешто што потенцијално би ми пречело. Како спортист на елитно ниво, сите работи кои ги правиме се пресметни. Не сакав да ризикувам“, се правдаше тогаш Ендру.
Во јули, Австралија го отстрани барањето за вакцинирање против КОВИД за влез во земјата. Ѓоковиќ во јануари пристигна во Австралија со медицинско оправдување за невакцинираност, но беше сопрен на аеродромот во Мелбурн и пратен во имиграциски центар додека преку суд се обидуваше да ја добие правдата. Наа крајот, тој беше депортиран од земјата. 35-годишниот Ѓоковиќ оттогаш играше на Ролан Гарос и на Вимблдон (каде што победи), но уште не е сигурно дали ќе му биде дозволен влез во САД за настап на САД опен во Њујорк, исто така поради вакцината.