Контакт

Спорт

Џенова спаси поен кај Специја, за Пандев дваесетина минути

Објавено пред

Џенова на Горан Пандев продолжува со очајните игри во италијанскиот шампионат откако им беше потребен пенал да извлечат 1:1 реми кај потпросечната Специја (инаку предводена од нивниот поранешен тренер Тијаго Мота) за да се зголеми притисокот на тренерот Давиде Балардини и да се зголемат стравувањата за испаѓање од лигата.

Клучниот момент на мечот се случи во 66. минута, кога по обидот на Ебрима Коли заврши во стативата, па од голманот Салваторе Сиригу заврши во голот. Пандев доби шанса во 71. минута, за во 86. минута капитенот Доменико Кришито од пенал да израмни на 1:1.

Дуелот на новите прволигаши, Венеција и Салернитана пак, гостите стигнаа до драматична 1:2 победа. Араму во 14. минута ги донесе Венеција во водство, пред Бонацоли по асистенција на Франк Рибери да израмни за Салернитана во 61. минута од мечот, за во 95. минута од мечот Андреа Скијавоне да им донесе три поени на гостите.  Со овој резултат Салернитана се израмни со Џенова со 7 освоени поени.

СЕРИЈА А, 10.КОЛО

Специја – Џенова 1:1

Венеција – Салернитана 1:2

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Меси го доби осмиот трофеј „Пичичи“, вечерва и „Златната топка“?

Објавено пред

Како загревање за вечерашното доделување на „Балон д’ор“, награда за најдобар играч во изминатата сезона во организација на „Франс фудбал“, Лионел Меси го доби својот осми (и, најверојатно, последен) трофеј „Пичичи“ како најдобар стрелец во шпанската Ла Лига за минатата сезона со Барселона.

Наградата што ја доделува спортскиот весник „Марка“ е за постигнатите 30 гола во 35 меча за Барселона победувајќи го Карим Бензема и Жерард Морено, кои имаа по 23 постигнати гола. Ова беше петта ваква титула за Меси во низа и доаѓа за сезоната пред неговото заминување од Каталонија. Наградата тој ја доби од директорот на „Марка“, Хуан Игнасио Галјардо.

„Благодарам што дојдовте до Париз да ми ја донесете наградата. Не знам дали некој ќе ме надмине, но можам да кажам дека е вистинска чест да бидам во историјата на Ла Лига. Многу сум благодарен“, изјави Меси.

Зад Меси со шест трофеи „Пичичи“ е Телмо Зара, а пет трофеи имаат освоено Алфредо ди Стефано, Уго Санчез и Квини. Ференц Пушкаш има четири награди, а Кристијано Роналдо си замина од Шпанија со три вакви награди.

Прикажи повеќе...

Спорт

Удар за Ред бул – за ФИА, задното крило на Мерцедес е легално?

Објавено пред

Задното крило на Мерцедес, кое наводно е флексибилно под голем притисок, нема да треба да биде модифицирано на последните две трки од сезоната и покрај инсистирањето на Ред бул, тврдат германските медиуми.

Ова значи дека нема да има промена на задните крила за саудиското ГП овој викенд и за последната трка во Абу Даби за две недели, тврди „Авто-мотор унд спорт“. Ред бул смета дека има проблем со флексибилноста на крилото на рамните делови и ФИА во Катар направи испитување, но поради тоа што ова е само експеримент, не можеше да се воведе во правилата во 2011. Покрај тоа, сите тимови, вклучувајќи го и Мерцедес, го поминале тестот со кој се поставува тег од 35 килограми на задното крило за да се провери флексибилноста.

Сепак, најверојатно, ФИА ќе ги усвои промените за флексибилноста на задното крило за 2022 година бидејќи се смета дека повеќе тимови ќе се обидат да ја искористат дупката во правилата ако не се регулираат промените.

Мерцедес на последните две трки покажа неверојатна брзина, а Луис Хамилтон победи убедливо во Бразил и во Катар.

Прикажи повеќе...

Спорт

По најавата за „војна“, Хаслем ги предупредува браќата Јокиќ: Седете мирни, ова е наш град!

Објавено пред

Мајами хит и Денвер нагетс вечерва ќе се судрат во НБА лигата во првиот меѓусебе меч по конфликтот меѓу Никола Јокиќ и Маркиф Морис и ветеранот на Мајами, Удонис Хаслем порачува дека браќата на српскиот кошаркар не треба да бидат во арената по најавите за нови конфликти.

Јокиќ одговори на провокациите од Морис со „ефтин“ удар одзади на мечот на 8 ноември, што предизвика тепачка, а двајцата браќа на актуелниот МВП на лигата го предупредија Морис и неговиот брат-близнак Маркус на социјалните мрежи.

„Треба да ја оставиш работата каква што е наместо јавно да се закануваш на нашиот брат. Твојот брат прв валкано играше. Ако сакаш да направиш чекор напред, ние ќе те чекаме. Браќа Јокиќ“, се велеше во твитот на браќата, кој потоа беше избришан.

Браќата на Јокиќ, Немања (кој е поранешен кикбоксер) и Страхиња, според шпекулациите купиле билети за вечерашниот натпревар и Хаслем ги предупреди дека Мајами е „негов брат“.

„Немам ништо со тоа човеку, ние ќе играме кошарка. Тоа е готово. Слушам дека браќата Јокиќ купиле билети за мечот. Подобро нека седат мирни и нека не прават проблеми. Мајами е мој град. Мој град. Зошто по ѓаволите купувале билети? За да направат што? Не почнувајте ништо, нема да има ништо. Дојдете да уживате во кошарка и одете си дома. Никој не се закача со вашиот брат, играме кошарка“, вели Хаслам за „Мајами хералд“.

Иронично, Маркиф Морис нема играно по инцидентот, додека Јокиќ исто така влече повреда, така што е можно двајцата да не бидат на паркетот.

Братот на Морис му се закани на Јокиќ: Ќе ти вратам

Јокиќ исклучен, нокаутираше играч на Мајами

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија4 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија4 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија4 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа6 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот вид омикрон, изјави...

Македонија7 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа8 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет9 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија1 ден

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет1 ден

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија1 ден

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија1 ден

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет1 ден

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија2 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија2 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија2 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија2 дена

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет2 дена

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Досие